Денеска го празнуваме денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и вториот Илинден – Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија во 1944 година.
Илинден е симбол на вечниот стремеж за слобода и за самостојност на македонскиот народ, темел на нашата државност, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура и постојан патоказ за нашата иднина.
Дебрца е нераскинливо втемелена и во двата Илиндена.
И во првиот Илинден, со Кузман Капидан, Дејан Војвода, Арбинската битка, 218-те селани протерани на најдолгиот пат до Дијар Бекир и во вториот Илинден, со баталјонот “Мирче Ацев” на Славеј Планина, Првата бригада во село Сливово, првата слободна територија, Манифестот на Асном од Црвена Вода, првиот свештенички собор во село Издеглавје.
Нека ни е честит празникот‼ Нека ни е вековита Македонската Република‼