Денес градоначалникот Зоран Ногачески се обрати на консултативната работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата Охридското Езеро, која се одржа преку електронската комуникациска платформа ZOOM .
Нацрт-планот за управување е подготвен во рамките на проектот GEF/UNEP STAR 5: „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од IUCN ECARO. Целта на работилницата беше да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да добие препораки и коментари за предлогот и да обезбеди добар квалитет и применливост на документот.
Во моето обраќање уште еднаш ја потврдив подготвеноста на општина Дебрца максимално да се вклучи во овој процес, а кое нешто градоначалниците на трите општини неодамна го потврдиме со потпишувањето на заедничка изјава за поддршка на процесот за повторното прогласување на Охридското Езеро за споменик на природатa.
Очекувам дека на крајот ќе имаме добар документ, а уште повеќе очекувам негова имплементација од сите, засегнатите страни и надлежните институции, од причина што се работи за заштита на нешто што е наше, а светско, Охридското Езеро. – потенцираше градоначалникот по состанокот