Select Page

Врз основа на одлуката на советот на општина Дебрца, одржана на ден 31.05.2021 година општина Дебрца до Министерството за финансии поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, со цел финансирање под-проектот:

“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”.

Поднесената апликација е прифатена и следниот чекор е одржување на Јавна дебата со заинтересирани граѓани, на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.

Јавната дебата ќе се одржи на ден 27.01. 2022 година / четврток/,  во салата за седници на советот на општината, во административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта, со почеток во 12.00 часот.

На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници.

Градоначалник,

Зоран Ногачески