Select Page
Трговското друштво Али Фреш Фруит ДОО Ресен, кое се занимава со откуп на големо на овошје и зеленчук и кое за наредните 10 години го закупи деловниот простор во големата сала во поранешниот задружен дом во село Требеништа деновиве интензивно врши адаптација на откупниот пункт.
Според бизнис планот се вршат работи на реконструкција на подната подлога, изградба на влезна врата и рампа, затворање на прозорите, електрична инсталација.
Во наредните фази ќе се инвестира во систем за ладење и механизација за преработка на овошјето-хидрокулер.
Општина Дебрца останува посветена на поддршка на секоја активност која е во функција на локалниот економски развој.