Select Page

 

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа ( “Службен весник на РМ”, број 5 /02), градоначалникот на општина Дебрца,објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 за пријавување на заинтересирани лица за секретар на општина Дебрца

 

1.Општина Дебрца има потреба од именување на секретар на општината.

За таа цел, се распишува јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за секретар на општината.

2.За секретар на општината може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

– е државјанин на Република С. Македонија,

– има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или политичките науки,

– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и

Секретарот на општината од редот на административните службеници од категоријата Б го назначува градоначалникот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници:

-најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно место во приватниот сектор

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-положен испит за административно управување

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски ).

3.Се повикуваат сите заинтересирани лица своите пријави да ги достават до градоначалникот на општина Дебрца, најдоцна до 15.03.2023 година.

4.Јавниот повик ќе биде објавен на веб страницата на општина Дебрца.

 

 

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески