Select Page

Последниве неколку месеци сведоци сме на неконтролирано депонирање на инертен отпад/градежен шут на секаде, и на места кои во изминативе години на трошок на Општина Дебрца  по неколку пати биле чистени, со што директно се загрозува природната и животната средина.

Како детектирани места каде се одлага градежниот шут се :

-Кај мостот на патот Волино Требеништа и покрај старото корито на река Сатеска, во местноста Аџица, село Волино,

-Во непосредна близина на каптажите за вода,кај Св.Мартинија,село Требеништа,

-Под поранешното фудбалско игралиште,село Оровник ,

-Црвени Брегови,село Мешеишта

-На влезот во село Грко Поле,

-Кај фудбалското игралиштето,село Лешани,

-Кај Царо Поле,село Ново Село,

-Долж патот од Белчишта кон Сини Вирој.

Сите овие локации во изминатиот период општината ги има повеќекратно чистено.

90% од прекршителите се детектирани и на сите ќе им бидат доставени записници и задолженија во најкраток рок да ги санираат локациите или отстранат отпадот.

Во спротивно,ќе бидат поднесени пријави, за кои согласно законот се изрекуваат високи глоби.

Согласно член 54 од Законот за управување со отпад инертниот отпад се депонира на депонии за кои општината има добиено согласност од Министерството за животна средина. Бидејќи општина Дебрца нема таква депонија инертниот отпад треба се депонира кај овластени собирачи на таков отпад,за што се плаќа одреден надоместок.

Сите прекршители кои нема да постапат по задолжението на општината ќе бидат и јавно објавени.

Ги повикуваме граѓаните до општината да го пријавуваат секој ваков случај.

 

Нула толеранција за дивите депонии.