Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 23-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 23-та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 30.08.2023 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 22-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 30.06.2023 година
- Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за изменување на Годишната програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за работа на Основното училиште „Дебрца“- Белчишта во учебната 2022/2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за успехот на учениците на ООУ „Дебрца – Белчишта во учебната 2022/2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за финансиско работење на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за период од 01.09.2022 до 15.08.2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Основното училиште „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2023/2024 година
- Предлог – Решение за именување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Охрид
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски