Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22), Општина Дебрца, на ден __.__.2023 година, донесе:
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: намалување на емисиите во воздух, вклучувајќи намалени емисии на стакленички гасови и придонес кон ублажување на климатските промени, зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика, подобрување на услугите во производство и снабдување со електрична енергија, намалување на зависноста од увоз на струја, отворање на нови работни места, подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена за користење на обновливи извори на енергија е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој преку намалување на вкупните емисии во воздух од производство на електрична енергија на конвенционален начин. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна и функционална фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.
Градоначалник
Зоран Ногачески