Започна реконструкцијата на главната улица во село Волино, се работи на улица која е главна артерија во уличната мрежа во с.Волино која го поврзува с.Волино со с.Требеништа и с.Мешеишта, исто така преку оваа улица се поврзуваат луѓето и добрата како внатре во селото така и со околните градови и Општината.
Со зафатот се предвидува да се изврши реконструкција во должина од 1400м, на коловозот со рушење на постојниот асфалт, поставување на тампон од дробен камен, поставување на нов асфалтен коловоз, изградба на тротоари поплочени со бетонски павер елементи , како и целосна замена на постојните светилки со ново улично осветлување ( канделабри) како и изместување на целокупната електро дистрибутивна мрежа и телекомуникациска инсталација и истата се предвидува да биде каблирана, со нови приклучоци до објектите, како и поставување на атмосверско одводнување долж профилот на улицата.
Средствата за изградба на улицата се одобрени од страна на Министерство за транспорт и врски согласно Договорот за заем на Република Северна Македонија и Светска Банка, Проект за поврзување на локални патишта, Под- проект Реконструкција на улица во с.Волино.