Select Page

Врз основа на член 24 став 3 и 4, член 37 и 39 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  (“Службен весник на РМ” бр.78/2015, 106/2015,153/2015, 190/2016 и 21/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19 и 275/19  и 122/2021), Комисијата за располагање со движни и недвижни ствари на општина Дебрца, објавува:

 

ОБЈАВА Број 01/2023

За електронско наддавање

За давање под закуп на деловен простор

(ПРВА ОБЈАВА)

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на недвижни ствари-деловен простор, сопственост на Општина Дебрца, кои се издаваат под закуп согласно Одлуката за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата изградена на КП- 849/2, КО Горенци, запишана во Имотен лист бр. 624, КО Горенци, Општина Дебрца, за вршење на трговија на мало, број 08-1174/6 од 27.09.2023, донесена на советот на општина Дебрца.

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ КАКО ДЕЛ ОД НЕДВИЖНАТА СТВАР КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

Предмер на закуп се просториите:

Ред.број Адреса Опис и намена на деловниот простор Површина Вкупна почетна цена на закупнината (0,5% од проценетата вредност) Банкарска гаранција 2% од проценетата вредност Почеток

Час

1. Село Горенци ДП приземје (дел од објект), изграден на КП 849/2, КО Горенци, Општина Дебрца, запишан во ИЛ 624, Општина Дебрца Деловниот простор се издава под закуп со намена за вршење на трговија на мало (продажба на колонијални и прехрамбени производи), за времетраење од 10 години. 56,56 м2 3.395,00 13.580,00 09:00

 

 

3.ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното надддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на РСМ согласно закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за јавно наддавање и тоа:

4.1. Доказ за идентитет :

-лична карта за физички лица;

– тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија ( за домашни правни лица)

– Извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа ( за странски правни лица).

 

4.2. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која се што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

4.3. Изјава со која што ги прифаќаат условите кои што се дадени во објавата.

4.4. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарска гаранција за сериозност треба во оригинал во писмена форма да се достави и до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на општина Дебрца на денот кога се доставува комплетната документација.

За да може да се поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната http://www.e-stvari.mk. Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и електронски јавни наддавања спроведени преку системот http://www.e-stvari.mk, за него важат претходно автоматки доделените корисничко име и лозинка, доделени заради учество во претходните постапки.

Доказите кои е потребно да се достават  врз основа  на објавата, регистираното лице е должно да ги прикачи во системот  во скенирана копија  во PDF формат.

На подностителите  на пријавите кои се комплетни им се доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле  комплетна документација им се доставува известување со образложение дека нема да учествуваат  на јавното наддавање.

Објавата трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од  30.11.2023 год. и ќе трае заклучно со 14.12.2023 година.

Јавното наддавање ќе се одржи електронски  на следната интернет адреса http://www.e-stvari.mk.

Јавното наддавање ќе се одржина ден 18.12.2023 година (Понеделник) и ќе започне во 09:00 часот.

5.РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на Јавното наддавање во електронски облик можат да се доставуваат најдоцна до три дена пред почетокот на јавното наддавање, односно заклучно со 14.12.2023 година.

6.ПОЧЕТНА ЦЕНА

Вкупната почетна цена за закупнината на електронското наддавање за недвижноста која е предмет за закуп е утврдена во табеларниот преглед на оваа објава. Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку по објавата  се пријавил  и само еден учесник кој ги исполнува  условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

  1. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА понудата

7.1  Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на електронското јавно наддавање за недвижноста предмет на закуп  изнесува 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и износот е утврден во табеланиот преглед даден во оваа објава.

7.2 Банкарската гаранција треба да има рок на важност најмалку 60 дена од денот на одржувањето на електронското јавно наддавање. Секоја пријава што не содржи гаранција за сериозност на понудата  или содржи гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите во објавата, ќе биде отфрлена и нема да учствува на електронското јавно наддавање.

7.3 Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање.

8.ПОСТАПКА

8.1. Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

8.2. Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

8.3 Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определно во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време  за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавањепродолжува неограничено се додека во временски нтервал од две минути има нова понуда.

8.4 Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од ученикот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без при тоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути о вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

8.5 Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30% од проценетта вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

8.6 За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понуди последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина.

8.7 Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

8.8.најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цел за закуп на деловниот простор и во рок од 5 работни дена по извршена уплата, се склучува Договор за закуп на деловниот постор, а доколку не ги уплати во овој во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период о д една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната недвижна ствар.

8.9 На  договорот за закуп на деловниот простор соодеветно се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.

8.10 Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од  приемот на приговорот.

8.11 Против решението донесено од комисијата со кое се одлучува по донесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

8.12 Трошоците за солемнизација на договорот за закуп на деловниот простор паѓаат на товар на закупувачот на деловниот простор.

Оваа објава ќе биде објавена и на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk

 

Општина Дебрца

Комисија за располагање со недвижни и движни ствари

Игор Мартиноски, диа – претседател

Цвета Филипоска- Симеонова – член

Љупчо Балески, дги- член