Select Page

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 30-та седница на Советот на општината Дебрца

  

Ја свикувам 30та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  28.02.2024 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:

 Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1.  Усвојување на записник од 29-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2023 година
  5. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
  6. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2024 година
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година
  8. Предлог – Одлука за резервирани средства во Буџетот на општина Дебрца за 2024 за ескпропријација за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење
  9. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                Никола Короскоски