Apr 3, 2023
Денес градоначалникот Ногачески, беше домаќин на Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Г-дин Дејвид Гир,кој беше во работна посета на општина Дебрца.
На средбата градоначалникот го запозна евроамбасадорот со личната карта на општината,нејзиното природно и културно историско наследство, нашите заложби општината да прерасне во високорангирана еко туристичка дестинација,со акцент на развојот на зелената економија ,руралниот туризам и производството на здрава храна.
Гостинот го информирав за тековните и идните проекти, за можностите за развој, предизвиците со кои се соочуваме како локална самоуправа.
На средбата стана збор и за проектите реализирани во општината со средства од претпристапните фондови на ЕУ,особено потенцирајќи ги грантот на ЕУ за рурална инфраструктура, кој беше искористен за изградба на две улици во село Мешеишта и набавка на механизација за потребите на јавното претпријатие, conse pp проектот финансиран од Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, во чии рамки е адаптирана зградата на идниот изложбен центар на Белчишкото Блато во село Белчишта и проектот “Нови можности за безбеден авантуристички зимски туризам”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија, во чии рамки е адаптирана Планинската куќа во село Брежани.
И во оваа прилика до евроамбасадорот изразив голема благодарност за досегашната поддршка,при што заеднички констатиравме дека искористувањето на претпристапните фондови на ЕУ е важно за евроинтеграциите на нашата земја, а уште повеќе за општина Дебрца која е со ограничени финансиски ресурси, со оглед на тоа што парите кои се користат од овие фондови се инвестираат во конкретни проекти, кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.
Ја потенциравме определбата нашата соработка да продолжи и на идни проекти од интерес на граѓаните,а за што како општина сме подготвени со конкретни проекти. – изјави градноачалникот Ногачески, по средбата со Евроамбасадорот.
Евроамбасадорот оствари средба и со членовите на Советот на општината,невладини организации,а имаше и средба со граѓани.
Mar 29, 2023
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е Давид Гир, во понеделник 03.04.2023 година ќе биде во целодневна работна посета на општина Дебрца. За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европскат Унија.
Во попладневните часови амбасадорот исто така ќе оствари и непосредни средби со НВО и граѓаните на општина Дебрца.
Mar 27, 2023
На ден 30 март 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница: донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги.
Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.
Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава.

Дневем ред за 2-ра Работилница
Mar 13, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија.
Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија.
Прилог: Дневен ред
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Mar 11, 2023
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 18-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 18–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 15.03.2023 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 17-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2022 година
- Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврски и каса за 2022 година
- Предлог – Одлука за отпочнување постапка за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Дебрца од сите ризици и опасности
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населнието од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2023 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски