Select Page
УСВОЕНА ЗАВРШНАТА СМЕТКА НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2022 ГОДИНА

УСВОЕНА ЗАВРШНАТА СМЕТКА НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2022 ГОДИНА

 

На 18-та  седница, која се одржа вчера,  советот на општина Дебрца ја усвои Завршната сметка на Буџетот на општината за 2022 година.

Од проектираниот буџет остварен е приход во вкупен износ од 103.200.284,00 денари или остварување од  91 %.

Билансот на трошоците е во рамките на одобрениот буџет и истиот за 2022 година изнесува 100.014.047,00 денари.

На вчерашната седница советот ги донесе Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територија на општина Дебрца за 2023 година.

 

 

 

 

 

Се одржа втората работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”

Во текот на вчерашниот ден се одржа втората работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”.
На сесијата се презентираа концептите за предложените проекти од страна на учесниците на форумот.
Од пет предложени концепти во наредната фаза преминуваат три концепти, кои ќе се развијат во апликации и предлог проекти, со дефинирани фази за нивно спроведување, а кои ќе бидат презентирани на наредната сесија која е закажана за 29 Март.