Select Page
Извршено уредување на неколку патишта во општина Дебрца

Извршено уредување на неколку патишта во општина Дебрца

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, денес извршивме уредување на неколку патишта во општина Дебрца.
🚜 Со ангажман на механизација и екипите на терен, се интервенираше на делови каде беше потребно подобрување на проодноста и пристапот.
🏛️ Посебно внимание беше посветено на дворните места околу верските објекти, со цел тие да бидат уредени и пристапни за сите граѓани.
🛤️ Целта на овие активности е да се овозможи побезбедно движење и полесен пристап во деновите на празнување.
🤝 Како локална самоуправа, продолжуваме со посветена работа на подобрување на условите во секое населено место.
✨ Велигден е празник на мирот, надежта и заедништвото, и токму во тој дух ги реализираме овие активности.
🕊️ На сите граѓани на општина Дебрца им посакуваме среќен и благословен Велигден, во здравје, мир и радост.
Голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта

Голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта

🌿 Заедно со општинската администрација реализиравме голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта.
🧹 Со заеднички сили успеавме да собереме повеќе од 80 вреќи отпад, оставајќи зад нас почиста и поздрава животна средина.
🤝 Оваа акција е јасен пример за нашата грижа кон локалната самоуправа и граѓаните на општина Дебрца.
🌍 Грижата за природата е наша заедничка одговорност, а ваквите иницијативи се чекор напред кон подигнување на еколошката свест.
💚 Да продолжиме да ја чуваме Дебрца чиста, уредна и достојна за идните генерации.
👏 Голема благодарност до сите кои учествуваа и дадоа свој придонес!
Известување до населени места Оровник и Горенци за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Понделеник 13.04.2026 година

ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека поради неработниот ден 13.04.2026г Понеделник (православен и државен празник вториот ден на Велигден), комуналниот отпад ќе се подигне во Вторник на 14.04.2026г.
Одржана Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Одржана Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

 Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање  во соработка со општинa Дебрца, се одржа јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

На расправата присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Како и Ѓоко Зороски од Здружението за еко туризам,,Еко туризам 2016 “, заедно со заинтересирани граѓани,стручна јавност и претставници на невладиниот сектор. Предлог-законот, неговото значење за заштита на природните вредности на Белчишкото Блато, како и можностите за одржлив развој на регионот преку еко-туризам и заштита на биодиверзитетот. Присутните имаа можност активно да се вклучат со свои предлози, мислења и забелешки.

Сите изнесени ставови и предлози ќе бидат разгледани и земени предвид во понатамошната постапка за донесување на законот, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе ги штити интересите на локалната заедница и природната средина.

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Организаторите се заблагодаруваат на сите учесници за нивното активно учество и придонес кон унапредување на процесот.

Велигденски базар во Дебрца во организација на ООУ ,,Дебрца”

Велигденски базар во Дебрца во организација на ООУ ,,Дебрца”

Велигденски базар во Дебрца
Во пресрет на велигденските празници, и оваа година малите ракотворци ни се претставија со своите изработки на Велигденскиот базар.
Благодарност до вработените во Општина Дебрца, како и до сите наставници кои учествуваа во подготовките на годинешниот базар.
Купувајќи детски ракотворби, ја поддржуваме нивната креативност и оригиналност, но и им даваме поттик да продолжат да творат и да ги развиваат своите таленти.
Нека празничната атмосфера донесе радост, топлина и заедништво во секој дом.
Покана до јавноста за присуство на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Покана до јавноста за присуство на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026  (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15  часот во сала на состаноци во општина Дебрца.

Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).