Select Page
Реализирани инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година

Реализирани инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година

По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година

  • Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари.
  • ОРОВНИК
  • Реконструкција и адаптација на влезниот дел од училишната зграда, вредност 587.300 денари,
  • Асфалтирање на три улици, во должина од 900 метри,
  • Поставување на топловодно греење со топлинска пумпа во училиштето,вредност 793.123 денари,
  • Санација на спортското игралиште во училишниот двор и поставување на рефлектори, вредност 508.344 денари
  • Уредување на просторот кај селската чешма,прва фаза / завршена/ и втора фаза/при крај/.
  • ГОРЕНЦИ
  • Изградба на тротоар на главната влезна улица во селото,во должина од 529 метри, вредност 2.615.598 денари
  • Асфалтирање на три улици и патот до црква “Св.Атанасије”, во должина од 700 метри
  • ТРЕБЕНИШТА
  • Реконструкција на задружниот дом / 2 фаза, вредност 3.799.000 денари
  • Изградба на детско игралиште, вредност 2.605.212 денари
  • Асфалтирање на улица , во должина од 152 метри, вредност 599.754 денари
  • Асфалтирање на патот од поштата до црквата “Св.”Недела”,во должина од 200 метри
  • Тампонирање на полски пат, во должина од 700 метри, вредност 999.391 денари
  • Осветлување на дел од патот Требеништа- Волино,во должина од 700 метри,вредност 560.300 денари
  • ВОЛИНО
  • Реконструкција на улици, во должина од 1394 метри / во тек/ , вредност околу 34 милиони денари
  • Изградба на пумпна станица број 3 од канализационен систем, вредност 2.831.604 денари
  • Асфалтирање на улица во должина од 280 метри,вредност 1.246 474 денари
  • тампонирање на пристапен пат,во должина од околу 750 метри, во местноста “Аџица”,
  • Тампонирање на полски пат од местноста “Врпче” до местноста “Ѓорамидница”, во должина од 1,1 км.
  • Поставување на рефлектори на спортскиот полигон.
  • МЕШЕИШТА
  • Реконструкција на фудбалско игралиште и соблекувална, вредност 1.359.537 денари
  • Асфалтирање на две улици, во должина од 452 метри, вредност 1.730.364 денари
  • Изградба на 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,вредноста 6.802.682 денари или околу 110.000 евра,
  • Во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа и командна табла во пумпната станица за водоснабдување на селото, вредност 771.040 денари.
  • КЛИМЕШТАНИ
  • Реконструкција на објект на месна заедница, вредност 1.003.000 денари
  • БОТУН
  • Реконструкција на улица, во должина од 182,5 метри, вредност 878.047 денари
  • Реконструкција на објект на месна заедница/поранешна селска продавница, вредност 2.022.225 денари
  • Заградување на училишниот двор и уредување на мини детско игралиште,вредност 335.710 денари,
  • Поставување на јавно осветлување до манастирската црква Св.Богородица-900 метри кабел и 18 сијалични места/вандерми,
  • БЕЛЧИШТА
  • завршување со реконструкцијата на старата касарна, проект consse-pp, прегугранична соработка Македонија-Грција
  • Реконструкција на административна зграда на општината / 1 фаза, вредност 4.461.007 денари
  • Реконструкција на административната зграда на општината /2 фаза,вредност 5,5 милиони денари
  • Асфалтирање на пат до црква “Св.Јован”, во должина од 93 метри, вредност 423.721 денари и уличка, во должина од 26 метри, вредност 98.463 денари
  • Уредување/бетонирање на речното корито во центарот на селото,во должина од 150 метри,вредност 764.050 денари
  • ЗЛЕСТИ
  • Се изгради модерен мултифункционален спортски полигон и санација на споменикот во центарот на селото, вредност 3.998.872 денари
  • Регулација на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, вредност 1.056.000 денари
  • ЛЕШАНИ
  • Изградба на фекална канализација/ 1 фаза, вредност 15.682.500 денари
  • БРЕЖАНИ
  • Завршување со реконструкција на стара училишна зграда и пренамена во планинска куќа, проект прегугранична соработка Македонија-Албанија, вредност 7.903.133 денари
  • ЦРВЕНА ВОДА
  • Асфалтирање на пат до “Бела Каса”, во должина од 174 метри, вредност 691.520 денари
  • СЛИВОВСКИ АНОВИ
  • Санација на Спомен чешма и уредување на просторот, вредност 235.762 денари
  • СЛИВОВО
  • Реконструкција на каптажа и нов водоводен крак, во должина од 400 метри, вредност 468.608 денари,
  • Тампонирање на патот до црквата Св.Атанасије,во должина од 550 метри
  • ВРБЈАНИ
  • Санација на кровна конструкција на Селски дом, вредност денари 432.470 денари
  • Тампонирање на две улички,во должина од 120 метри
  • ГОДИВЈЕ
  • Асфалтирање на улица , во должина од 144 метри, вредност 561.786 денари
  • Санација на кровната конструкција на Селскиот дом,вредност 751.778 денари
  • Уредување со бекатон плочки на просторот кај црквата Св.Вартоломеј,површина 950 м2,вредност 1.391.220 денари
  • ЛАКТИЊЕ
  • Регулација на главен канал за наводнување, во должина од 132 метри, вредност 313.054 денари
  • Асфалтирање на селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,вредност 1.658.549 денари,
  • АРБИНОВО
  • Изградба на водоводен крак, во должина од 300 метри и водоводен крак, во должина од 900 метри , вредност 300.000 денари
  • Набавка на нова пумпа за водоснабдување
  • ПЕСОЧАНИ
  • Асфалтирање на главната улица,во должина од 1,1 км,вредност 3.463.123 денари
  • ОЗДОЛЕНИ
  • Асфалтирање на улица од центарот на селото до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,вредност 794.904 денари,
  • СЛАТИНО
  • Асфалтирање на две улички,во должина од 130 метри,
  • ВЕЛМЕЈ
  • Асфалтирање улица во должина од 110 метри и рехабилитација/повторно асфалтирање на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,вредност 679.722 денари
  • Осветлување на Светиот Крст, во црквата “Св.Спас “.
  • ИЗДЕГЛАВЈЕ
  • Со гребен асфалт тампониран е патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.
  • СОШАНИ
  • Тампонирање на патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км
  • ГРКО ПОЛЕ
  • Тампониран е патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.
  • НОВО СЕЛО
  • Пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.
  • ИЗВРШЕНО Е
  • Крпење на ударни дупки на асфалтните коловози на пат село Издеглавје-село Слатино, село Сливово-село Мраморец, пат за село Црвена Вода и улица во село Волино, вредност 255.446 денари
  • Тампонирање со гребен асфалт на банкини на пат село Мешеишта-село Волино и дворно место на црква “Св.Василиј”, село Белчишта
  • Поставување на настрешници на автобуски стојалишта во село Велмеј, село Лешани и село Злести, преку проект за прекугранична соработка Македонија-Албанија
  • Набавка на 323 канти за комунален отпад, 240 литри, програма за рамномерен регионален развој и 78 канти од 12о литри преку Министерството за животна средина
  • Редовно и навремено зимско одржување ( чистење на снег ) на општинските патишта и улици, одржување на јавното осветлување , косење на крајпатната вегетација и одржување на јавните површини
  • Чистење на диви депонии ( во м.в.”Селиште” и м.в.”Чифлиска Краста”-село Белчишта, кај фудбалско игралиште село Лешани, на влез село Годивје, кај брана на река Сатеска, село Волино, кај мост на патот село Волино-село Требеништа и др. )
  • И ВО ИЗМИНАТИТЕ 3 ГОДИНИ НАВРЕМЕНО И КОНТИНУИРАНО
  • Доделувавме ученички и студентски стипендии
  • Награди првенец и ученици на генерација во основното училиште
  • Еднократна финансиска поддршка за талентираните ученици и спортисти
  • Воведовме еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари за секое запишано прваче и за секој полуматурант
  • Субвенции за купување нов велосипед
  • Еднократна финансиска поддршка за склучен брак и за новороденче, доделивме 100.000 денари на родителите на трите новороденчиња-близначиња
  • Еднократна финансиска поддршка за лекување,претрпена материјална штета и за лица изложени на социјален ризик,
  • Финансиска поддршка за спортските клубови, спортски манифестации ,верските манифестации и здруженија на граѓани
  • Организиран превоз за спортските екипи и екскурзии на учениците
  • Субвенции за општински линиски превоз на патници
  • Преземен е долгот на ЈПКД “Дебрца” за електрична енергија, во износ од 19.350.511 денари и истиот редовно се сервисира од општината
  • Општината го презеде плаќањето на тековните сметки за електрична енергија за сите пумпни станици за водоснабдување и редовно ги плаќа,со што обезбедуваме стабилност во водоснабдувањето
  • Исплатен е долгот на општината за изработка и донесување на урбанистички планови за 11 села, во износ од 16 милиони денари
  • Со проектните активности на Здружението за екологија и туризам “Еко-туризам 2016” подготвена е и поднесена до Министерството за животна средина потребната документација за прогласување на Белчишкото Блато “Сини Вирој” за заштитено подрачје, а Владата донесе одлука за потребата од прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје, Парк на природата
  • Отворен е Изложбениот центар на Белчишко Блато / природонаучна и етнолошка збирка,

 

  • На минимум ги сведовме непродуктивните трошоци / и во изминатите три години трошоците за репрезентација и службени патувања на градоначалникот изнесуваат нула денари.
  • И пред се и над се, финансиската 2024 година ја завршивме без долгови и со историски највисоко позитивно салдо, што претставува приближно едногодишен буџет на општината остварен од изворните приходи.

 

Во 2025 година продолжуваме со нови проекти.

 

 

ЕУ Амбасадорот Н.Е Давид Гир оствари работн посета на Општина Дебрца

ЕУ Амбасадорот Н.Е Давид Гир оствари работн посета на Општина Дебрца

Денес градоначалникот Ногачески, беше домаќин на Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Г-дин Дејвид Гир,кој беше во работна посета на општина Дебрца.
На средбата градоначалникот го запозна евроамбасадорот со личната карта на општината,нејзиното природно и културно историско наследство, нашите заложби општината да прерасне во високорангирана еко туристичка дестинација,со акцент на развојот на зелената економија ,руралниот туризам и производството на здрава храна.
Гостинот го информирав за тековните и идните проекти, за можностите за развој, предизвиците со кои се соочуваме како локална самоуправа.
На средбата стана збор и за проектите реализирани во општината со средства од претпристапните фондови на ЕУ,особено потенцирајќи ги грантот на ЕУ за рурална инфраструктура, кој беше искористен за изградба на две улици во село Мешеишта и набавка на механизација за потребите на јавното претпријатие, conse pp проектот финансиран од Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, во чии рамки е адаптирана зградата на идниот изложбен центар на Белчишкото Блато во село Белчишта и проектот “Нови можности за безбеден авантуристички зимски туризам”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија, во чии рамки е адаптирана Планинската куќа во село Брежани.
И во оваа прилика до евроамбасадорот изразив голема благодарност за досегашната поддршка,при што заеднички констатиравме дека искористувањето на претпристапните фондови на ЕУ е важно за евроинтеграциите на нашата земја, а уште повеќе за општина Дебрца која е со ограничени финансиски ресурси, со оглед на тоа што парите кои се користат од овие фондови се инвестираат во конкретни проекти, кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.
Ја потенциравме определбата нашата соработка да продолжи и на идни проекти од интерес на граѓаните,а за што како општина сме подготвени со конкретни проекти. – изјави градноачалникот Ногачески, по средбата со Евроамбасадорот.
Евроамбасадорот оствари средба и со членовите на Советот на општината,невладини организации,а имаше и средба со граѓани.
ЕУ Амбасадорот Н.Е Давид Гир во работна посета на општина Дебрца

ЕУ Амбасадорот Н.Е Давид Гир во работна посета на општина Дебрца

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е Давид Гир, во понеделник 03.04.2023 година ќе биде во целодневна работна посета на општина Дебрца. За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европскат Унија.

Во попладневните часови амбасадорот исто така ќе оствари и непосредни средби со НВО и граѓаните на општина Дебрца.

 

Oфицијално отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато

Oфицијално отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато

Денес во Белчишта со пригодна свеченост и официјално беше отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато.  Новата зграда беше реконстуирана со грант во рамките на пограничниот проект помеѓу Грција и Македонија под работен наслов „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“.
Пред свеченоста градоначалникот Ногачески имаше свое поздравно обраќање каде уште еднаш ја потенцираше важноста и значењето на ваквите погранични проекти, особено ја нагласи благодарноста до Европската унија што овој проект го препозна како еден од најуспешните проекти и даде можност за афирмација на еден од најзачуваните блатни системи во Македонија – Белчишкото блато.
Во овој Проект општина Дебрца е партнер заедно со Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област “Јасен” и Шумарскиот факултет, од македонска  страна и општина Терми и националната организација за земјоделски науки “Деметер” Солун,од грчка страна.
Проектот е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK GR ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа на РМ ( 15 % ).
Целта на Проектот беше да се обезбеди одржливо управување со заштитените области, екосистемите и биодиверзитетот.
-Со Проектот за општина Дебрца обезбеди вкупно 219.555,79 ЕУР, кои се искористија за повеќе проектни активности, како што се:
-подготовка на оригинални слики и видеа од локална флора во Белчишкото Блато, развој на мобилна андроид апликација и реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато.
Во својот говор градоначалникот Ногачески посебно го истакна задоволството што и општина Дебрца е партнер во овој проект и дека истиот е во функција на заложбите Дебрца ( во случајов Белчишкото Блато “Сини Вирој” ) да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација.
Ова е прв проект од прекугранична соработка во кој учествува општина Дебрца и преку кој се стекна со нови искуства во процесот на аплицирањето и имплементација на ваков тип на европски проекти.
Завршен настан на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ – Conse PP.

Завршен настан на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ – Conse PP.

Општина Дебрца, со задоволство Ве поканува да учествувате во Финалниот Настан на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“.

Финалниот настан ќе се одржи на 11 јули 2022 година, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Општина Дебрца.

Учесници на финалниот настан ќе бидат и претставници на останатите партнери во проектот, односно од Грција претставници на Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси (ПП1), Општина Терми (ПП2), и од Северна Македонија претставници од Општина Дебрца (ПП3), Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област – ЈАСЕН, како и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Агендата за финалниот настан е во прилог на оваа покана.

 

Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област

АГЕНДА ЗА ФИНАЛЕН НАСТАН

Дате: 11 јули 2022 година _ Просторија: Изложбен центар, Општина Дебрца

Време Тема
10.00-10.10 Регистрација на учесници
10.10-10.30 Поздравни говори

Г-дин Зоран Ногачески, Градоначалник на Општина Дебрца

Д-р Елени Малупа, Истражувачки директор и Проектен координатор, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

Г-дин Новица Зечевиќ, Директор на ЈАСЕН

Д-р Кирил Сотировски, Декан, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Претставник од Општина Терми

Технички секретаријат, Interreg IPA CBC “Greece – Republic of North Macedonia 2014-2020”

10.30-11.45 Проектот Conse-pp

–        Conse-pp: Ex situ конзервација на приоритетните растенија во меѓуграничната област на Грција и Република Северна Македонија  

Д-р Елени Малупа, Истражувачки директор и Проектен координатор, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

 

–        Дефинирање на приоритетните растенија за конзервација во меѓуграничната област на Грција и Република Северна Македонија  – Преглед на собраните ботанички колекции и утврдените закани/ризици

Д-р Никос Кригас, Истражувач, Ботаничар, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

 

 

–        Резултати на проектот во Република Северна Македонија

Д-р Ивана Јанеска Стаменковска, Проектен менаџер, Општина Дебрца

 

Ботанички парк во Кардиа

Ана Винга, Проектен менаџер, Општина Терми

11.45-12.00 Кафе пауза
12.00-12.30 Тура низ Изложбениот објект
12.30-13.00 Дискусија и затворање на настанот
13.00 Коктел
Работилница: Белчишко Блато како заштитено подрачје,воспоставување и ефективно управување

Работилница: Белчишко Блато како заштитено подрачје,воспоставување и ефективно управување

Четврток и петок (5-6- Мај) во новите простории од “Изложбениот центар на Белчишкото блато” во с.Белчишта ќе се одржи работилницата во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските
вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и
јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. Проектот е
финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) –
кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата
држава.

Агенда за 5 мај (четврток)

10.30 – 10.35 ч. Вовед во работилницата, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам
„Екотуризам 2016“, Охрид и обраќање од претставник од Општина Дебрца
10.35 – 10.55 ч. Остварување на заштитата на живеалиштата и екосистемите: состојби на
зачуваност, мерки за зачувување и заштита, еколошки значајни подрачја
10.55 – 11.15 ч. Категоризација на заштитени подрачја
11.15 – 11.35 ч. Начин на прогласување на заштитено подрачје
11.35 – 12.00 ч. Отворена дискусија
12.10 – 13.00 ч. Закуска

Агенда за 6 мај (петок)

10.30 – 10.35 ч. Вовед во работилницата, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам
„Екотуризам 2016“, Охрид
10.35 – 10.55 ч. Планови за управување со заштитени подрачја
10.55 – 11.15 ч. Режим на заштита на заштитени подрачја: зонирање
11.15 – 11.35 ч. Должности на сопствениците, односно корисниците кон заштитеното
подрачје
11.35 – 12.00 ч. Отворена дискусија
12.10 – 13.00 ч. Закуска