Select Page
Поддршка за Денот на ретките болести

Поддршка за Денот на ретките болести

Општина Дебрца и градоначалникот Златко Сиљаноски се приклучуваат кон одбележувањето на 28 Февруари – Денот на ретките болести.
Со оваа симболична поддршка, Општината испраќа порака за солидарност, разбирање и инклузија на лицата кои живеат со ретки болести и нивните семејства.
Мотото на кампањата „Ретко е да си редок“ нè потсетува дека иако болестите се ретки, луѓето кои живеат со нив не се сами. Потребна е заедничка поддршка, подигнување на јавната свест и создавање општество со еднакви можности за сите.
„Редкоста не е недостаток – таа поврзува. Ретките болести нè обврзуваат како институции и како заедница да покажеме солидарност, разбирање и континуирана поддршка. Заедно градиме општество во кое секој живот е еднакво вреден, а секоја приказна заслужува внимание, грижа и надеж.“
Општина Дебрца останува посветена на промовирање на хуманост, еднаквост и грижа за секој граѓанин.
#RareDiseaseDay #РеткоЕДаСиРедок
ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА  ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Здружение за ретки болести РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК – Охрид 30.000 денари

 

2. ОО на СБ од НОАВМ од Охрид и Дебрца

 

30.000 денари
3. Здружение на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца МОБИЛНОСТ ОХРИД 1988 Охрид 30.000 денари

 

  Вкупно: 90.000 денари
Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите во општината

Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите во општината

ЗАД СЕКОЈ НОВ ПОЧЕТОК СТОИ ОПШТИНА ШТО СЕ ГРИЖИ ❤️
Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош:
  • 100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;
  •  6.000 денари за прво и второ новороденче;
  •  30.000 денари поддршка за млади до 30 години кои првпат склучуваат брак;
  •  6.000 денари поддршка за лица над 30 години при склучување брак;
  •  Еднократна парична помош за лекување;
  •  До 30.000 денари помош за семејства погодени од пожари и поплави;
 Социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени лица, самохрани родители и семејства во ризик;
 Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и се реализираат согласно буџетските можности.
➡️ Ова не се празни зборови, туку реална грижа и конкретна поддршка.
➡️ Силна општина се гради со силни семејства.
ЈАВЕН ПОВИК  ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

 

Врз основа на член 22 став 1 точка 7 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 7 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

 

           ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Општина Дебрца заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на проекти од јавен интерес на Општина Дебрца за 2026 година, ќе поддржи идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик. Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Дебрца во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности.

Целта на реализација на оваа активност е Општина Дебрца да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на  социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Дебрца.

Согласно законската регулатива, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на обезбедување услови и превземање системски активности за социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Дебрца.

 

 ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

 

– Здруженија на граѓани, асоцијации и слично, поединци кои работат во областа на здравствената и социјалната заштита чии што предвидени активности се на територијата на општина Дебрца.

 

            НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за социјална заштита во текот на 2026 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансирање на проекти од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Дебрца за 2026 година“  – лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.

 

 КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

 

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

  • да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината од областа на социјалната заштита;
  • иновативност, впечатливост и оригиналност на идејата;
  • воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни, социјални и здравствени институции и други организации;
  • одбележување јубилејни настани и значајни датуми;
  • организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Дебрца;
  • стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти;
  • потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата, младите и лицата со посебни потреби;
  • унапредување на животот на лицата со ретки болести и посебни потреби;
  • развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;
  • стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;

 

 

             ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Избраните проекти за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за социјална и здравствена заштита на општина Дебрца за 2026 година.

 

             ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.

Прилог:Апликационен-формулар

                                                                                                    ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                        Градоначалник

                                                                                                     Златко Сиљаноски

Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти.

Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација на капитални и развојни проекти.

Буџетот е креиран со цел обезбедување финансиска стабилност и поддршка на приоритетните области, меѓу кои се: локалната инфраструктура, образованието, социјалната заштита, животната средина, спорт, култура и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Општина Дебрца ќе продолжи со одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, во интерес на сите жители на општината.

ВКЛУЧИ СЕ– КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2026

ВКЛУЧИ СЕ– КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2026

Почитувани граѓани,

 

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2026 година.

Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.

Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.

Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе бидат одржани и посети по населени места каде јавноста навремено ќе биде информирана за посета на населените места и локациите за собири, ги повикуваме сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Предлозите може да се доставуваат и електронски преку пополнување на формуларот во прилог.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледани од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2026 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса