Select Page
ЈАВЕН ПОВИК За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2026 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2026 година, број 01-646/1, од 08.05.2026 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 16/25 и 5/26 ) се објавува следниот :

 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2026 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2026 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

 

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 100.000 денари.

 

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

 

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

 

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2026 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

 

3.Услови за користење на субвенцијата

 

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2026 година, од 01.01.2026 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2026 година.

 

4.Начин на пријавување на Јавниот повик

 

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

 

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

 

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

 

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2026 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2026 година,

 

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

 

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

 

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2026 година.

 

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2026 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

 

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 

5.Начин на спроведување на Јавниот повик

 

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

 

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

 

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

 

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

 

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2026 година.

 

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

 

Прилог:Барање

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2026 година

1.Билјана Суклоска Милошеска –претседател

2.Даниел Паункоски – член

3.Даниел Ристески – член

Реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци

Реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци

Со реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци, значително ја унапредуваме безбедноста на учениците и обезбедуваме посигурен простор за нивна игра и спортски активности.
🏫 Оваа интервенција е од особена важност за родителите и наставниот кадар, бидејќи создава услови децата безгрижно да го користат игралиштето во рамки на училиштето.
⚽ Нашата заложба е да инвестираме во подобри услови за младите, поттикнувајќи здрав развој, физичка активност и безбедна средина за секое дете.
🤝 Продолжуваме да работиме во интерес на сите жители на Општина Дебрца, слушајќи ги нивните потреби и реализирајќи проекти што носат реални придобивки.
Одобрени финансиски средства по поднесени апликации за проект, манифестација/настан во областа на спортот по Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот на Општина Дебрца за 2026 година

Одобрени финансиски средства по поднесени апликации за проект, манифестација/настан во областа на спортот по Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот на Општина Дебрца за 2026 година

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Здружение Фудбалски клуб Слатино 2020 Дебрца 40.000 денари

 

2.  

Здружение за турнир во мал фудбал св. Никола с.Требеништа

90.000 денари
3. Здружение за унапредување Оровник 2012 – Оровник Дебарца 90.000 денари

 

4. Здружение Фудбалски клуб САТЕСКА с.Волино 90.000 денари
5. Фудбалски клуб Лешани с. Лешани Дебрца 30.000 денари
6. Здружение Фудбалски клуб Дебарца 43 с.Белчишта 20.000 денари
7. Фудбалски клуб Славеј – Мешеишта 90.000 денари
  Вкупно: 450.000
ЈАВЕН ПОВИК  ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

Врз основа на член 22 став 1 точка 6 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК

 ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

 

           ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Преку поддршката и развојот на спортот општина Дебрца има за цел подобрување на спортскиот живот во општината, промоција на разновидни спортско-рекреативни содржини, поттик на жителите, особено младата популација за масовно вклучување во спортските активности, со цел развој на позитивните вредности на спортот а во функција на обезбедување на здрави идни генерации во општината, како и поддршка на спортските манифестации, спортските клубовии талентираните спортисти, преку кои ќе се презентира и промовира општината.

Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за развој на спортот за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка во областите: поддршка на спортски манифестации во општината, поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари (прва, втора или трета лига), поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари во општинска лига и поддршка на талентирани спортисти во поединечни спортови кои живеат на територијата на општина Дебрца.

 

 ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

 

Спортски  клубови, спортски здруженија (сојузи и асоцијации), спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи, спортски школи, образовни институции и граѓански здруженија чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца и спортски федерации и клубови чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца, но имаат соработка со локален спортски правен субјект (потпишан договор за соработка) за реализацијата на проектот, активноста или манифестацијата.            

 

 НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за развој на спортот во текот на 2026 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година“  – лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.

Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава

документација:

  1. Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 (шест) месеци ;
  2. Решение за вршење дејност – спорт од Агенција за млади и спорт (кои се водат во регистарот на министерството за спорт) – не важи за организација на спортски настан, манифестација или проект од областа на спортот;
  3. Уверение од Управа за јавни приходи за платени даноци и придонеси не постаро од 6 (шест) месеци ;
  4. Потврда од централен регистар или надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци ;
  5. Годишна програма за работа на правниот субјект или план и програма за реализација на спортската манифестација или активност ;
  6. Изјава дека на крај од тековната година за која се добила поддршката ќе се достави комплетен финансиски извештај за добиените финансиски средства;
  7. Изјава за преземање одговорност за организација;
  8. Потврда издадена од соодветна федерација;

 

Потребни документи за учество на физички лица:

 

  1. Пополнeта пријава согласно Јавниот повик ;
  2. Копија од лична карта или патна исправа ;
  3. Кратка биографија ;
  4. Годишна програма ;
  5. Потврда за поддршка од соодветниот клуб издадена од соодветна спортска федерација или сојуз ;
  6. Изјава дека на крај од тековната година за која се добила поддршката ќе се достави комплетен финансиски извештај за добиените финансиски средства;
  7. Банка и трансакциска сметка;

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

 

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца за развој и поддршка на спортот, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

1.Спортски клубови и здруженија

– ранг на натпреварување во рамки на официјална спортска федерација;

– Активни членови (по категории)потврда од соодветната федерација;

– Учество во соодветна лига на натпреварување(ранг на натпреварување);

– Членови на клубот кои учествувале во национални селекции (по категории); потврда од соодветната федерација;

– Учество на клуб и поединец на меѓунроден натпревар;

– Да го поттикнува и унапредува соодветниот спорт;

– Да го унапредува и развива масовниот и рекреативниот спорт;

– Да поттикнува постигнување на врвни резултати;

– Решение од централен регистар;

– Решение за вршење дејност спорт издадено од АМС кое е дел од регистарот на министерство за спорт;

 

2.Спортски манифестации, настани и проекти

 

– Традиција на манифестација / настан;

– Број на учесници

– Ранг на натпреварување (локален,национален,меѓународен)

– Временски период на одржување (денови на организација);

 

3.Спортисти во индивидуални спортови

 

– Жител на општина Дебрца;

– Учество на меѓународни и државни натпревари;

– Пласман на меѓународни натпреварувања;

– Ранг на натпреварување;

– Член на Национална репрезентација;

 

             ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Одобрените активности за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за развој на спорот на општина Дебрца за 2026 година.

 

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286-855.

Прилог:Апликационен-формулар спорт

                                                                                                    ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                        Градоначалник

                                                                                                     Златко Сиљаноски

 

Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти.

Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација на капитални и развојни проекти.

Буџетот е креиран со цел обезбедување финансиска стабилност и поддршка на приоритетните области, меѓу кои се: локалната инфраструктура, образованието, социјалната заштита, животната средина, спорт, култура и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Општина Дебрца ќе продолжи со одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, во интерес на сите жители на општината.

Започна 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино

Започна 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино

Традиционално секој Август најзначајната спортска манифестација во општина Дебрца е 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино,кој оваа година има меморијален карактер и е во чест на прерано починатиот волинец и голем поддржувач на ФК “Сатеска” и “Богородица Купот”, Крсте Илинкоски.

Како генерален покровител општина Дебрца го помогна турнирот со 80.000 денари, а во чест на Крсте обезбеди и 12 пара спортска опрема ,дресови и 50 маици на кои е аплициран неговиот лик.