Требеништа
Требеништа — село во Општина Дебарца, во околината на градот Охрид. Селото е познато по требенишката маска. Селото Требеништа се наоѓа во областа Охридско Поле, на 13 километри северозападно од Охрид и 13 километри североисточно од Струга. Атарот на селото Требеништа граничи со атарите на следните села: од исток Волино и Мислешево, од север Мешеишта, од југ Горенци и Горно Лакочереј. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Алистрата, Власејнца, Црквиште, Бароец, Габер, Павлејца, Прдејца, Варвара, Градиште, Глаесец, Маркоа стапалка, Бела вода, Веље поле, Под лозје, Калино, Пропас, Кобилиште, Бранејнца, Волниште, Урека и Долни лозје. Требениште е со куќи од збиен тип, и се дели на Горна, Средна и Долна маала. Според податоците од 1873 година, селото имало 24 домаќинства со 87 жители христијани Македонци и 70 муслимани,а според податоците од 1900 година, селото имало 310 жители христијани Македонци.
Требеништа е ослободено од фашистичка окупација на 8 ноември.
Според статистиката од 1900 година, во Требеништа живееле 310 жители, сите Македонци,а пак според други податоци во 1905 година во Требеништа имало 360 Македонци, егзархисти.Од 1948 година бројот на жители во селото Требеништа се зголемувал и изнесувал 724, во 1958 тој број повторно бил во пораст 823 жители,1961 година 880 жители,во 1971 година бројот на жители се намалил на 868, а веќе во 1981 година пак бил во пораст и изнесувал 897.Од 1991 година бројот на жители почнува да опаѓа кога изнесува 822, три години подоцна повторен пад на бројот на жители 587, за да во 2002 година тој број достигне бројка од 513.Селото Требеништа спаѓа во средно големи населби.
Требеништа е македонско православно село, со исклучок на еден торбешки род. Во селото родовите се староседелски и доселенички.
Родови во селото Требеништа се: Дуклевци , Мучевци, Алексовци , Бутевци , Ѓоревци , Јаќимовци , Доневци , Питаровци , Николовци , Љубовци и Целевци ова се многу стари родови, возможно е да се старинци; Бочевци, доселени се од соседното село Горенци; Шутаровци, доселени се однекаде, имаат иселеници во Охрид ; Мартиновци доселени се однекаде, под турците биле многу сиромашни, но потоа отишле на печалба во Америка, и така после 1912 купиле многу земја; Маринчевци и за наив не се знае од каде се населени. Според податоците од 1873 година, селото имало 24 домаќинства со 87 жители христијани (Македонци) и 70 муслимани. Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 310 жители христијани (Македонци).
Требеништа е ослободено од фашистичка окупација на 8 ноември.
Во селото се наоѓа некрополата Требеништа. Според податоците на Паско Кузман од книгата “Уметноста на Требеништа” во движниот фонд од некрополата “Требеништа” се евидентирани 825 археолошки предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во Народниот музеј во Охрид. Сепак, мора да се каже дека највредните примероци, меѓу кои се четирите златни посмртни маски, се надвор од Македонија. Меѓу нив се и двата бронзени масивни кратери, сребрените пехари и ритони, златни ракавици, сандали и украсни плочки, како и голем број примероци од златен и сребрен накит. Откривањето на тајните на Требенишката некропола почнало случајно при изградбата на патот Охрид-Кичево во 1918 година, а потоа неа ја истражувале археолозите Карл Шкорпил од Софија во 1918 година , Никола Вулиќ од Белград од 1930 до 1934, Васил Лахтов и Јоже Кастелиц во 1953/54 година и Владо Маленко во 1972 година. Досега се ископани 56 гроба и гробници од кои 13 се “кнежевски” со богати гробни прилози, а другите се со поскромен археолошки материјал. Во Требенишката некропола, поради немање финансиски средства, 30-тина години не се вршат истражувања.
Населението од Требеништа главно се занимава со одгледување на земјоделски култури.
- Опшествени установи во село Требеништа; Основно училиште „Дебарца“ до IX одделение, подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ – Белчишта
Во претходните децении основното училиште кое се наоѓало во Требеништа било познато и под имињата ОУ “Кочо Рацин” и ОУ “Свети Климент Охридски“.
Требенишка Парохија
Во состав на оваа парохија се селата: Требеништа, Оровник, Горенци и Подмолје. Поранешната Требенишка парохија повеќе години е во составот на парохии при црквата “Успение ан Пресвета Богоордица” – Каменско во Охрид. Овие села административно припаѓаат на Третата парохија при Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Охрид. Парохиски свештеник на парохијата е свештеник Горан Ставрески, свештенослужител при Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Охрид.
Централна парохиска црква “Свети Никола” е изградена во 1942 година, а живописана во 1944 година. Иконите на иконостасот се дело на иконописецот Доне Донески од с. Лазарополе.
Црква “Света Недела” – Изградена и осветена на 16. VII 1995 година од страна на Митрополитот г.г. Тимотеј Дебарско-кичевски. Проектот за црквата е изработен од архитектот Тодор Паскали од Охрид, додека фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид.
Природна знаменитост на селото е:
Требенишко Езеро (Бобано) — природно езеро, едно од најмладите во Македонија, настанато по природен пат откако поради лизгање на земјиштето од ридот Габер се затрупала тесната долина низ која протекувал поток кој се течејќи низ селото влевал во реката Сатеска.
Некрополата Требеништа се наоѓа југозападно од с. Горенци кое е во подножјето на планината Вишовски рид, 1,5 км. јужно од с. Требеништа, а на околу 9,5 км. северозападно од Охрид. Таа се простира вдолж магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје, на локалитетите Сува Чешма (Гробот), Три Чељусти и Вртуљка.
Во текот на Првата светска војна, во 1918 год. бугарската војска случајно открила неколку гробови од некрополата, по што следувале првите археолошки ископувања преземени од археолозите Богдан Филов и Карл Шкорпил. Како резултат на овие истражувања во 1927 год. за прв пат биле публикувани наодите од првите седум гробови. Десетина години подоцна истражувањата ги продолжил Никола Вулиќ, при што биле откриени уште шест нови гробови кои како и претходните содржеле богати гробни дарови. Требенишката некропола по ископувањата на Филов, а потоа и Вулиќ станал премет на научен интерес заради нејзиното големо значење и тој интерес до денес не е намален.
Требенишката некропола ја сочинуваат гробови кои се распространети на еден поголем простор и не се групирани на едно компактно место. Јосип Корошец овие гробови ги поделил на три групи: гробови од I до VIII од кои седум се оние кои своевремено биле публикувани од Б. Филов и еден, откриен и објавен од Вулиќ, кој исто така ги открил гробовите нумерирани од IX до XIII, т.е. оние што ја сочинуваат втората група. Во третата група се три гроба откриени од Вулиќ кои се наоѓаат околу 100 м. северно од претходната група. Слична на оваа поделба извршиле В. Лахтов и Ј. Кастелиц со тоа што гробовите ги поделиле на А, Б и Ц група. Групата А (гробовите од I до VIII) и групата В (гробови IX до XIII) се т.н. кнежевски гробови, а групата Ц – т.н. сиромашни гробови.
Од гробовите на требенишката некропола потекнуваат 825 предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид. Предметите кои посебно се издвојуваат потекнуваат од гробовите на А и В групата, т.н. кнежевски гробови. Такви се златните погребни маски, златни сандали, нараквици, златен и сребрен накит, масивните бронзени кратери, сребрени пехари и ритони, бронзени шлемови и др.
Куриозитет претставуваат златните маски, кои се определуваат како култни предмети, односно се поврзуваат со одредени верувања и ритуали во врска со погребувањето, а се откриени во гробовите I, V, VIII и IX, од требенишката некропола. Веројатно дека тие се дело на локални мајстори, а како такви зборуваат за верувањата и ритуалите кај популациите кои ги населувале тие области. На територијата на Р. Македонија откриена е уште една маска во Охрид и еден фрагментиран примерок во Петилеп-Беранци. Погребни маски се откриени и во архајската некропола кај Синдос, близу Солун и еден слабо сочуван примерок, од колекцијата Стататос, која се чува во Археолошкиот музеј во Атина, а к Заедничка карактеристика на маските е втиснатата орнаментиката (меандар и спирала), што според некои научници е карактеристично за грчката уметност од VI век п.н.е., а според други за македонско-илирската уметност. Меѓутоа, во тоа време погребни маски не се познати во грчкиот погребен ритуал. Сличностите на овие погребни маски со микенските маски – портрети се формални, бидејќи Микена и Требениште ги разделуваат илјада години. Меѓутоа маските од Микена го евоцираат египетскиот обичај на обложуање на телото на покојникот со злато, па веројатно и маските од Требениште припаѓаат на иста инспирација. На маската откриена во гробот I, е претставена пчела. Пчелата се поврзува со јонскиот култ на божицата Мелиса (Артемида), која има критско, претхеленско појавување. Во Египет таа претставува еден од првите кралски симболи и во погребниот обреден систем ја претставува душата на дивинизираниот покојник, т.е. ја симболизира неговата моќ. Посредството на Крит во пренесувањето на овој обичај посочувано е од повеќе научници, а легендата за Кадмо и Хармонија можеби сведочи за доаѓањето на критски и кипарски колонисти во областа на Македонија. На Крит е потврдено постоењето на обичајот на хероизирање на покојникот. На саркофагот од Хагија Тријада е прикажана ој потекнува од халкидичко-долноповардарскиот простор.
Заедничка карактеристика на маските е втиснатата орнаментиката (меандар и спирала), што според некои научници е карактеристично за грчката уметност од VI век п.н.е., а според други за македонско-илирската уметност. Меѓутоа, во тоа време погребни маски не се познати во грчкиот погребен ритуал. Сличностите на овие погребни маски со микенските маски – портрети се формални, бидејќи Микена и Требениште ги разделуваат илјада години. Меѓутоа маските од Микена го евоцираат египетскиот обичај на обложуање на телото на покојникот со злато, па веројатно и маските од Требениште припаѓаат на иста инспирација. На маската откриена во гробот I, е претставена пчела. Пчелата се поврзува со јонскиот култ на божицата Мелиса (Артемида), која има критско, претхеленско појавување. Во Египет таа претставува еден од првите кралски симболи и во погребниот обреден систем ја претставува душата на дивинизираниот покојник, т.е. ја симболизира неговата моќ. Посредството на Крит во пренесувањето на овој обичај посочувано е од повеќе научници, а легендата за Кадмо и Хармонија можеби сведочи за доаѓањето на критски и кипарски колонисти во областа на Македонија. На Крит е потврдено постоењето на обичајот на хероизирање на покојникот. На саркофагот од Хагија Тријада е прикажана сцена со претстава на мумифициран покојник со маска, а откриена е и маска во Мулијана на Крит, како и сребрени сандали од Библос.
Истото потекло и намена веројатно го имаат и златните “нараквици” и “сандали”.
Златни “сандали” се откриени во гробовите II, VI, VII, VIII, X и XII. Тие се изработени од златен или позлатен сребрен лим во форма на стапало. Кај повеќето од овие сандали орнаментот е вегетабилен, односно се состои од палмети и розети, а единствено кај “сандалите” од гробот VIII е претставена Горгона и две свинги хералдично поставени. На двете сандали со некаков печат е втисната иста декорација, по три пати на секој примерок. Веројатно улогата на овие сандали е сепукрална, т.е. тие се наменети на покојникот, кому треба да му помогнат и да го штитат на патот до “оној свет”. Како такви сандалите имаат хтонско-апотропејско значење. Најстар помен на вакво верување има кај Египќаните во т.н. Книга на мртвите, според која до “оној свет” може да се дојде по два пата, едниот е по вода, а другиот е сувоземен пат, за кој на покојникот му се потребни чевли.
Меѓу предметите со култно значење е и надградникот откриен во гробот II. Тој е изработен од златен лим во форма на потковица, на кој е изведена композиција во форма на медаљон. Во центарот на медаљонот се претставени два лава, хералдички поставени. Нивните нозе се поставени врз седум кругови, какви што имаат и на подигнатите нозе.
Како бројна категорија наоди меѓу гробните содржини се издвојува накитот. Неговото истакнато место се должи, покрај другото и на фактот дека преку стилско-уметничката анализа на истиот се овозможува да се согледаат патиштата на импортот на луксузната стока, како и да се согледаат влијанијата врз локалното создавање на накитот, но и вкусот на автохтоното население. Од Требенишката некропола потекнува златен, сребрен и бронзен накит, и тоа обетки, белегзии, ѓердани, фибули, игли и др.
Меѓу движниот археолошки материјал се издвојуваат и неколку примероци од сребрени садови, односно два сребрени рога, откриени во гробовите I и VIII, како и сребрени пехари од гробовите III, V и VIII. Пехарите и ритоните се декорирани со златна орнаментална апликација изведена во техника на пресување и исчукување.
Двата рога по форма се исти, а единствено се разликуваат во димензиите. Тие на врвот имаат отвор кој служел за пиење и една алка за бесење која укажува на можноста да биле носени закачени на појасот па се претпоставува дека станува збор за војнички садови. Покрај утилитарната намена ритоните имаат и симболичко и култно значење. Во врска со тоа е и принесувањето на ритони како дел од мистично причестие, или симбол на предавањето на власта кај Пајоните, Македонците, но и кај Скитите, а веројатно и другите варвари. При што тие биле симбол на дивинизираниот покојник. Што се однесува до самото потеклото на ритоните, повеќето научници се согласуваат со нивната сириска или иранска провениенција.
Сребрените пехари меѓусебно се слични, а единствено малку се разликуваат во орнаментиката. Аналогни се со пехарите од Стара Загора во Тракија. Најголем број од научниците се согласуваат дека станува збор за малоазиски импорт, а датирани се во втора половина на V век пр.н.е.
Во гробовите I и VIII се откриени бронзени кратери кои меѓусебно се разликуваат по димензиите и по мотивите со кои се декорирани, меѓутоа стилски се аналогни. Кај кратерот од гробот I отворот е украсен со вегетабилна орнаментика, перли, плетена лента и ред фини перли. Декорацијата на вратот е со мотив на крава, а биле изведени шест фигури (од кои една денес недостасува) свртени на десно, прицврстени на основата со клинци. На рамото од кратерот изведен е орнамент во облик на заби. Ногата е ѕвонеста, посебно излиена, пластично декорирана со палмети, лотосови листови и редови од перли.Особено
се впечатливи двете рачки на кратерот од големи листови со пластичен орнамент и редови на перли, потпрени на бисти од Медузи.
Кај кратерот од гробот VIII отворот е профилиран и декориран со палмети, под кои се изведени низа од перли и вертикални црти. На вратот се приковани четири коњаници, (по два од секоја страна) свртени на десно, со глава предадена во анфас. Коњите се претставени во галоп. Како и кај кратерот од гробот И и на овој сад рамото е украсено со низа листови во форма на заби. Двете рачки и во овој случај се особено убаво украсени. Тие лежат на крилести Медузи со змиски нозе, кои се потпираат на рамото од садот и завршуваат со змиски глави. Рацете на Медузите се свиени, а дланките се стиснати. На рамениците на Медузите, покриени со наметка, лежи коренот на волутите кој е украсен со крлуштен орнамент. Во гробот VIII откриен е и троножец на кој бил поставен кратерот. Нозете се изведени во облик на лавовски шепи и богато украсени со зооморфни и антропоморфни мотиви.
Кратерот од гробот I е датиран во прва половина на V век пр. н.е., а кратерот од гробот VIII во средина на VI век п.н.е. Се смета дека тие се коринтски импорт, но постои и можноста за нивно евбејско, халкидско потекло.
Од копјата се зачувани само врвовите од кои може да се види дека се работи за листовидни копја со пластично ребро. Фрагментите од мечевите овозможиле да се направи приближна реконструкција, при што е утврдено дека некои од нив, поточно оние Во машките гробови е откриено офанзивно оружје и тоа: копја, мечеви, ножеви и бодежи. од гробовите VI и VII, се аналогни на мечевите од Синдос, кои се датирани од 540 година п.н.е. па до почеток на V век п.н.е., а се изработени една до две децении пред самите погребувања.
Покрај офанзивното оружје во “кнежевските” гробови се откриени и примероци од дефанзивно оружје со кое биле опремени и така погребани припадниците на аристократскиот сталеж. Тоа се шлемови, кружни бронзени штитови, оклоп и бронзени доколиници – кнемиди.
Во “кнежевските” гробови се откриени десет шлемови од кои еден “коринтски”, еден “халкидски” и осум кои припаѓаат на македонски тип на шлем. Вакви шлемови на територијата на Р. Македонија се откриени и во Букри, Бабино, Делагожда, Речица и Тетово (денес во Минхен), како и еден кој потекнува од непознато наоѓалиште во околината на Охрид (денес во Мајнц).
Требенишката некропола е третирана главно како архајска, но и железновременска и хеленистичка. Нејзиниот хронолошки дијапазон започнува кон крајот на VII век и завршува кон крајот на IV век п.н.е.
Од 2004 година селото Требеништа потпаѓа под Општина Дебарца. Претходно било дел од Општина Мешеишта.
Селото е дом на ФК Требеништа, во комунизмот познат и како ФК Младост Требеништа.
Требеништани можат да се најдат во повеќе земји во Европа, САД, Канада и Австралија.А во постаро време во селото Белчишта се иселил големиот род Таневци (40 к.).