Select Page
Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2, КО Белчишта, Општина Дебрца

Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2, КО Белчишта, Општина Дебрца

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11), Градоначалникот на Општина Дебрца

О Р Г А Н И З И Р А

Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2, КО Белчишта, Општина Дебрца

 

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2, КО Белчишта, Општина Дебрца.
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина може да се разгледа во просториите на општина Дебрца секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 20.02.2024 до 20.03.2024 година.
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 15.03.2024 годинаво административните простории на општина Дебрца, со почеток во 10.30 часот.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Дебрца во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина или истите можете да ги испраќате на е-маил: contact@debrca.gov.mk или по пошта на следната адреса: Општина Дебрца, 6344 Белчишта.

Соопштение

Стратегиска оцена на животната средина

 

                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                    Зоран Ногачески

 

Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2, КО Белчишта, Општина Дебрца

ОБЈАВА број 01/2023 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање

ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОБЈАВА број 01/2023

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Согласно Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија за 2023 година  бр. 01-710/11 од 30.05.2023 година објавена во Службен гласник на Општина Дебрца бр.05/2023 од 06.06.2023 година, предмет на електронското јавно наддавање е отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Урбанистички проект за разработување на Урбанистички план за село Долно Средоречје за формирање на градежна парцела 3.1 со намена Е1.13-фотоволтаични електрани-градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW на дел од КП2/4 и КП2/5 КО Белчишта, Општина Дебрца. Одобрен со
Потврда за заверка, број 63-1441/3 од 16.03.2022 година, од Министерот за транспорт и врски и Урбанистички проект за разработување на Урбанистички план за село Злести за формирање на градежна парцела 8.1 со намена Е1.13-фотоволтаични електрани-градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW на дел од КП30/1 КО Злести, Општина Дебрца. Одобрен со Потврда за заверка, број 63-1440/3 од 16.03.2022 година, од Министерот за транспорт и врски, согласно табеларниот преглед, во кој се дадени податоците за градежните парцели, намената на градежните парцели, вкупната површина на градежната парцела, катност, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м² за отуѓување, вкупна почетна цена за отуѓување и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Табеларен преглед 1:

Бр. на аукција Број на градежна парцела Намена на градежната парцела Број на катастарска парцела Површ. на градеж. парцела (м²) Површ. на градба (м²) Макс. развиена површина (м²) Катност и максимална висина до венец Процент на изграденост (%) Коефициент на искористеност Почетна цена за отуѓување по м² (денар) Вкупна почетна вредност (денари) Банкарска гаранција за сериозност на понудата (денари)
01/2023-1 3.1 Е.1.13 – фотоволтаична електрана, со компатибилна класа на намена E1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија КП2/4, КО Белчишта 277306 194114 194114 П

Н=4 м

70 0,7 61 16915666,0 67662664,0
01/2023-2 8.1 Е.1.13 – фотоволтаична електрана, со компатибилна класа на намена E1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија КП 30/1, КО Злести 250232 175162 175162 П

Н=4 м

70 0,7 61 15264152,0 61056608,0

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

  1. Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

  1. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk), со пополнување на електронски образец за секоја градежна парцела поединечно, кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач, комплетирана со следните докази (приложени во оргинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар):

  1. Пополнета пријава во електронска форма од страна на подносителот на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);
  2. Скенирана банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ наведен во табеларниот преглед за градежната парцела, со рок на важност до 31.12.2023 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на писменото известување за избор, истата покрај во електронска форма задолжително да ја достави и во оригинал преку архивата при Општина Дебрца до “За комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање” во бел коверт со назнака “Не отварај” и со повикување на бројот на јавната објава заклучно со истекот на рокот за пријавување.
  3. За физичките лица уверение за државјанство, не постаро од 6 (шест) месеци;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар во скенирана форма (Извод од тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 30 дена);
  5. Уредно полномошно во скенирана форма за полномошникот што го претставува правното лице, доколку правното лице не е претставувано од одговорното лице, заверено на нотар;
  6. e-mail адреса од подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Дебрца нема обврска да прима и врши корекции на истата);
  7. Изјава заверена на нотар, под полна морална, материјална и кривична одговорност дека подносителот на пријавата се согласува и ги прифаќа условите од Објавата бр. 01/2023 и доколку биде избран за најповолен понудувач во целост ќе ги почитува дадените параметри во урбанистичкиот план и доколку се јави потреба за преместување на подземна или надземна инфраструктура, истото ќе го изврши на негов товар и нема да има оштетно побарување према Република Северна Македонија, Општина Дебрца или од надлежните институции.

НАПОМЕНА: Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесуваат ИСКЛУЧИВО по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирана со прикачување на наведните докази во скенирана форма. Доколку пријава поднесува странско физичко или правно лице сите докази се доставуваат и преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач. Општина Дебрца нема да прима пријави доставени преку поштенски пат или преку архивата при Општина Дебрца. Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. Заинтересираните лица (физички и правни) ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ИМААТ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на електронското јавно наддавање. Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед изнесува 61,0 денари од метар квадратен.

 

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарска гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед 1  и изнесува 400% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно и истата сите пријавени физички и правни лица се должни банкарската гаранција покрај електронската скенирана верзија да ја достават и во оригинал во рокот определен за поднесување на пријавата заклучно со  14.08.2023 година до 15.30 часот, во архива на Општина Дебрца.

 

РОКОВИ

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед можат да се достават до 14.08.2023 година, 23:59 часот, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање за ГП 3.1 ќе започне на 16.08.2023 година, во 09:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

Јавното наддавање за ГП 8.1 ќе започне на 16.08.2023 година, во 11:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

ПОСТАПКА

  1. Комисијата преку електронскиот систем при www.gradezno-zemjiste.mk ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација автоматски им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува Известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
  2. Подносителите на пријавите за да може да поднесат електронска пријава и да учествуваат на електронското јавно наддавање потребно е да имаат дигитален сертификат (потпис).
  3. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на елетронското јавно наддавање.
  4. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање.
  5. Електронското јавното наддавање го следи Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање, формирана од Градоначалникот на Општина Дебрца.
  6. Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
  7. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,0 денари во цели броеви без децимали.
  8. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа Објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање се продолжува неограничен број пати се додека во истекот на последните две минути е дадена понуда од страна на учесниците.
  9. За успешно спроведена постапка на јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена по метар квадратен.
  10. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
  11. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
  12. По завршувањето на постапката за јавното наддавање, Комисијата е должна во рок од 3 (три) работни дена да достави барање до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
  13. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од добивањето на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 (триесет) дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
  14. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од 3(три) работни дена до најповолниот понудувач доставува Известување за избор на најповолен понудувач.
  15. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на Известувањето дека е најповолен понудувач на јавното наддавање, да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и да ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, да ги достави до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и да достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката.
  16. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, не ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, не ги достави до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и не достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  17. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор уплатените средства согласно постигнатата крајна цена не му се враќаат, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  18. По извршената уплата во утврдениот рок и доставата на оригиналните докази приложени со пријавата и доказот за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето за градежната парцела наведена во табеларниот преглед, Градоначалникот на општина Дебрца во рок од 5 (пет) работни дена склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот за градежната парцела која што е со површина до000 м², односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот која што е со површина над 5.000 м², да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење, а согласно со категоризацијата на градба, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. Неисполнувањето на овие обврски односно по паѓање во задоцнување со исполнување на овие обврски од страна на купувачот на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот односно да побара наплата на договорната казна и претставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.
  19. Градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кое е предмет на оваа објава се до исполнување на обврските од договорот не може да биде дела од стечајна маса.
  20. Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да изгради најмалку 30% од вкупната развиена површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за градежната парцела.
  21. Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да го плати данокот на промет на недвижности што ќе произлезе како обврска по склучениот Договор за отуѓување на градежното земјиште.
  22. По склучувањето на договорот Општина Дебрца во рок од 1 (еден) ден, електронски го доставува договорот до Одделение за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивање на решението за утврдување на данокот на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.
  23. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 30 (триесет) дена, договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена сметано од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.
  24. Неисполнувањето на обврските од точките 22 и 23 од оваа Објава по вина на купувачот претставуваат основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена не му се враќаат на купувачот.
  25. Во цената за отуѓување не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
  26. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности на Република Северна Македонија паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште. Во случај на раскинување на договор по вина на купувачот, истиот е обврзан да плати данок на промет и нотарски трошоци.
  27. Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Неисполнувањето на оваа обврска преставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена не му се враќаат на купувачот.
  28. Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее, без претходна согласност, да го заложува или на друг начин оптоварува земјиштето и објектите кои на истото ќе бидат изградени, се до завршувањето на градбата и бришење на прибелешката од точка 27 во јавните книги. Оваа забрана се прибележува во јавните книги.
  29. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на одржување на електронското јавно наддавање. Приговорот се поднесува во писмена форма до Комисијата, која е должна да одлучи со Решение во рок од 5(пет) работни дена од приемот на истиот. Против Решението донесено од страна на комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор странката има право да поднесе жалба во рок од 15(петнаесет) дена од денот на приемот на Решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена и на web-страната на Општина Дебрца, www.debrca.gov.mk .

Objava za gradezno zamjiste

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на

постапките за јавно наддавање

Игор Мартиноски дипл.инж.арх. – претседател

Љупчо Балески дипл.град.инж. – член

Даниел Ристески – член

 

Реализирани Проекти

Датуми Локација Донатор

 

Опис на проект
2015

10/ 2016

Општина Дебрца Министерство за финасии на Република С. Македонија Набавка на специјално возило за собирање на комунален отпад ,,проект за подобрување на општинските услуги MSIP-NCB-065-16,,.
05/2018 – 09/2020 Општина Дебрца Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ-2016, Охрид

 

Севкупно управување со проекти, вклучувајќи: Следење и проценка на клучните видови / живеалишта / птици во Белчишко Блато во врска со Директивата за птици и живеалишта; Подготвен извештај за екосистемските услуги и план за спроведување на приоритетните мерки; Подготовка и организација на модул за обука за одржлив развој на туризмот и рекреацијата во мочуриштето во Белчишта; Подготовка и организација на модул за обука за општински службеници / локални чинители; Развој на мала инфраструктура за поддршка на одржлив туризам; и спроведување на кампања за комуникација, едукација и јавна свест
09/2014 – 12/2017

 

Општина Дебрца РЕЦ Будимпешта, канцеларија во Скопје Контакт лице:

Милена Манова Илиќ,

MManovaIlikj@rec.org

,,Белчишко блато во нашите срца,,

1) ангажирање на локална заедница во мапирање на екосистемите на мочуриштето и на локалитетите за културното наследство

2)  подигнување на свеста на локалната заедница за важноста на употреба на Белчишкото блато и негово назначување како Мапа на Натура 2000 (памфлети и информативни панели за мочуриштето)

3) изготвување на план за зачувување на Белчишко  Блато во Заедницата како иднина на сајтот NATURA 2000

10/2017-

12/2018

Износ – 260.000,00€

Општина Дебрца Министерство за Финасии на Република С. Македонија Набавка на четири комунални возила  и реконструкција на две локални улици во Општина Дебрца

Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP) MSIP-IPA-NCB-022-18

12/2016 –

12.2019

Износ – 240.621,00€

Општина Дебрца Прекугранична соработка С.Македонија – Грција, Министерство за локална самуправа Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во прекуграничната област под акроним ,, Conse-pp.

 

03/2016-

09/2017

Општина Дебрца Министерство за локална самуправа Биро за регионален развој Проект за санација и реконструкција на културен дом Село Лешани
02/2015-

2016

Општина Дебрца Ценатр за Југозападен плански регион Проект за санација и реконструкција на школо село Оровник
2017 Општина Дебрца Центар за југозападен плански регион Проект за санација и реконструкција на школо село Ботун
2015-2016 Општина Дебрца Министерство за транспорт и врски – Европска инвестициона банка Изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води  од село Мешеишта до регионален колектор на Охридско езеро
05/2018

12/2018

Општина Дебрца Министерство за животна средина Изработка на техничка документација за секундарна канализација село ,мешеишта
2017 Општина Дебрца Министерство за животна средина Изработка на техничка документација за канализација село Ново Село
2017  

Општина Дебрца

Министерство за локална самуправа Биро за регионален развој Реконструкција на дом село Злести
2015/2016 Општина Дебрца Агенција за финсиска пордшка во земјоделство и рурален развој Реконструкција на локален пат село Злести село Лешани
2015/2016 Општина Дебрца Агенција за финсиска пордшка во земјоделство и рурален развој Изградба на канализациона мрежа село Горенци
2015/ 2016 Општина Дебрца Агенција за финансиска подршка во земјоделство и рурален развој Реконструкција на улици во должина од 1.км во село Ботун
2014/2015 Општина Дебрца Агенција за финансиска подршка во земјоделство и рурален развој Изградба на канализациона мрежа село Мешеишта
2016 Општина Дебрца Министерство за транспорт и врски – Европска инвестициона банка Реконструкција на водоводна мрежа село Требеништа
2016 Општина Дебрца Биро за регионален развој Изградба на резервоар во село Требеништа

Тековни Проекти

( Тековни Проекти ):

 

Датуми Локација  

Компанија/Министерство

 

Опис на проект
10/2017-

12/2018

Општина Дебрца Министерство за Финасии на Република Македонија Набавка на четири комунални возила  и реконструкција на две локални улици во Општина Дебрца

Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP) MSIP-IPA-NCB-022-18

12/2016 –

12.2019

Општина Дебрца Прекугранична соработка Македонија – Грција – Носител Општина Дебрца од Република Македонија Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во прекуграничната област под акроним ,, Conse-pp.

 

05/2018

12/2018

Општина Дебрца Министерство за животна средина Изработка на техничка документација за секундарна канализација село ,мешеишта
11.09/2018

2019

Општина Дебрца             UNDP а) подготовка на интегриран и вклучен план за локален развој и

б) приоретизирање и спроведување на еден приоритетен проект вреден 26.000 евра

08/2018

30.10.2018

Општина Дебрца Биро за регионален развој/ Центар за Развој на Југозападен плански регион Реконструкција на Стара училишна зграда со пренамена во центар на заедницата село Волино
01.10/2018

30.11.2018

Општина Дебрца Буџет на општина Дебрца Санација и реконструкција на Објект на  месна Заедница село Горенци
05/2018 – 09/2020 Општина Дебрца Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ-2016, Охрид

 

Севкупно управување со проекти, вклучувајќи: Следење и проценка на клучните видови / живеалишта / птици во Белчишко Блато во врска со Директивата за птици и живеалишта; Подготвен извештај за екосистемските услуги и план за спроведување на приоритетните мерки; Подготовка и организација на модул за обука за одржлив развој на туризмот и рекреацијата во мочуриштето во Белчишта; Подготовка и организација на модул за обука за општински службеници / локални чинители; Развој на мала инфраструктура за поддршка на одржлив туризам; и спроведување на кампања за комуникација, едукација и јавна свест
20.09.2018 до

20.10.2018

Општина Дебрца Буџет на општина Дебрца Партерно уредување  на Школо во село Оровник
11.12.2018/

31.08.2019

Општина Дебрца ИПА 2  Повик ПЛРК (локална и регионална конкурентност) во фаза на разгледување Подобрување на условите за развој на руралниот туризам на локалитет сини вирој (Белчишко Блато)
Општина Дебрца Агенција за финансиска подршка и рурален развој во фаза на разгледување Реконструкција на Пат во село Белчишта село Злести
Општина Дебрца Агенција за финансиска подршка и рурален развој во фаза на разгледување Изградба на канализација село Волино
2013/2019 Општина Дебрца Агенција за финансиска подршка и рурален развој Урбанизација на населени места во општина Дебрца
Општина Дебрца Агенција за финансиска подршка и рурален развој во фаза на разгледување Реконструкција на локален пат село Арбиново
2019/ Општина Дебрца Прекугранична соработка Македонија – Албанија – ЕУ ИПА CBC

 „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“,