May 9, 2025
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.
Aкција се одржа на повеќе локации, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца”, пристапија на чистење на повеќе локации во општината.
Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Ваквите акции ќе продолжат и во иднина !!
May 9, 2025
Граѓаните на Дебрца се посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.
Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец”,во Белчишта е најдобриот паметник за тоа.
Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите.
9 Мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат.
May 7, 2025
Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца се приклучуваат кон акцијата за собирање и чистење на одпад Во организација на “ МЕН ЕНД МАУНТЕН”, на 09.05.2025 година каде е предвидено акцијата да започне на пет локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Белчишта, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Лешани, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Оровник, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Требеништа и Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Мешеишта. Учесниците заеднички ќе пристапат на чистење на Училишните Дворови на ООУ,, Дебрца” во наведените населени места.
May 5, 2025
Општина Дебрца организира дводневна посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, Република Србија, кој ќе се одржи од 17-22 Мај 2025 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.
Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.
Посетата на саемот е планирана за 17 и 18 Мај 2025 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето.
Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 10 Мај 2025 година, на следниот контакт:
Ѓоко Јордески 078281242
Игор Калески 075391404
May 2, 2025
Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да доведе до пукање на цевките од уличната мрежа.

Со проектот кој е во тек се врши санација на неупотребуваниот резервоар,изведба на шахти со линиски вентили од стар и нов резервоар кон селото и потис кон стар и нов резервоар со нивно поврзување,како и изведба на шахти со линиски вентили и шахти со регулатор на притисок на водоводната мрежа во село Мешеишта.
Со овие активности и со претходното инсталирање на нова пумпа во пумпната станица целта е да се обезбеди економично користење на водата од водоводниот систем.
Вкупната вредност на работите изнесува 5.251.558 денари,а се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година
Apr 28, 2025
„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња ‘ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“
Тоа беа последните зборови напишани од водникот Игор Костески во неговиот нотес кои го носел секогаш со него, пред трагичната и маченичка смрт кај тетовското село Вејце, 2001 година.

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата водникот Игор Костески, заедно со припадннаици на специјалната единица “Волци”, Армијата на Република Македонија,ветераните од одбраната и безбедноста, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население денес во село Слатино, Славна Дебрца се потсетивме на најтажниот ден во поновата македонска историја, денот кога пред 24 години , кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола ).
Нека им е вечна слава на македонските херои.