Select Page
Неделен преглед на активности преку програмата за јавни работи

Неделен преглед на активности преку програмата за јавни работи

Изминатава седмица преку програмата за јавни работи реализирани се повеќе активности

Чистење на речното корито во урбаниот дел / низ село/ Волино,во должина од околу 1400 метри,

Косење на зелени рекреативни површини кај детско игралиште во село Оровник,

Косење на јавни зелени површини во центарот на село Требеништа,

Косење на парк во детско игралиште село Волино и јавни површини во центарот,

Косење на јавни зелени површини кај спортски полигон и поранешна општинска зграда село Мешеишта,

Косење на јавни зелени површини во центарот на село Белчишта,

Косење на јавни зелени површини на “Исток”,село Велмеј,

Чистење на дива депонија од градежен шут во близина на Селскиот дом,село Велмеј.

Продолжуваме во континуитет и во останатите населени места

 

Известување општинска изборна комисија Дебрца

Известување општинска изборна комисија Дебрца

Општинската изборна комисија  Дебрца Ве известува гласањето за избор на Претседател на Република Северна Македонија  на ден 24.04.2024 година и избор на Пратеници во Собрание на Република Северна Македонија кое ќе се одржи на ден 08.05.2024 година  за гласачите на Избирачките места:

Избирачко Место-1327-Сошани

Избирачко Место-1326-Оздолени

Гласањето за двете избирачки места ќе се спроведе во Задружниот дом во с.Оздолени.

 

Избирачките места :

– 1328 – Сливово

– 1329 – Арбиново

– 1330 – Мраморец

– 1331 – Турје

– 1334 – Лактиње

Гласањето за наведените избирачки места  1328, 1329, 1330, 1331 и 1334  ќе се спроведе во Црковната трпезарија во Село Лактиње.

Известување избирачко место 1327 и 1326 Оздолени

Известување избирачко место 1328, 1329, 1330, 1331 и 1334 – Лактиње

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Почитувани наши сограѓани, верници од исламска вероисповед, Ви го честитам големиот верски празник – Рамазан Бајрам.
Нека празникот Ви донесе многу здравје, радост,спокој и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.

Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека ни биде водилка и сега и во иднина.

Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година.

Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.

 

Нека е честит големиот верски празник – Рамазан Бајрам.

Извршено е асфалтирање на пристапниот пат  до манастирската црква “Св.Недела”,во Требеништа

Извршено е асфалтирање на пристапниот пат до манастирската црква “Св.Недела”,во Требеништа

Деновиве завршија градежните активности за изградба на пристапниот пат кој ја поврзува манастирската црква “Св.Недела”, во Требеништа со локалниот пат, односно се изврши тампонирање и асфалтирање на потегот од поштата до манастирската црква “Св.Недела”

 

3 Април Светскиот ден на водните животни

3 Април Светскиот ден на водните животни

Денес се  одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата и во моментов во тек е изготвување на закон со кој ќе биде ставено под строга заштита како Парк на природата. Тоа е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“ и е потенцијално Натура 2000 подрачје, со што ќе влезе и во Европската кохерентна мрежа. Белчишкото Блато  е идна  Еко-Туристичка атракција во Општината, во регионот  и Државата а ќе биде  препознаено и во меѓународни рамки со својата уникатност и недоперна природна убавина и автентичност.

 

Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд

Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд

Нов успех на нашата Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд.

Честитки, а општина Дебрца како во изминатиот период и во иднина ќе го наградува секој нејзин успех, преку кој ја репрезентира и нашата општина.