Dec 31, 2017
Почитувани сограѓани,
На крајот сме на 2017 година. Во годината што изминува секој од нас, граѓаните на општина Дебрца доживеал и убави и помалку убави моменти.
Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2018 година .
Пред два месеци ја добив Вашата доверба да бидам градоначалник на општина Дебрца, да бидам првиот меѓу Вас, еднаквите. Привилегија е да се работи за доброто на секој жител на општината, но и голема обврска довербата да се оправда.
Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење.
Очекувам во наредната 2018 година да останеме фокусирани на нашата визија и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.
Не попусто е кажано дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, ајде сите заедно да ја исковаме нашата колективна среќа, како виза за помирна, поспокојна и поубава иднина .
Драги сограѓани,
Ви посакувам , многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2018 година.
Да сме здрави и живи.
Dec 27, 2017
Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамките на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ финансиран од од проектот CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, одржа презентација на нацрт-планот за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој) со претставници од општина Дебрца и локални чинители. Презентацијата се одржа денес, на 27 декември 2017 г. во просториите на општина Белчишта и беше отворена од претставник од општината и модерирана од координаторот Ѓоко Зороски.

Нацрт-планот го презентираше експерт по природа, во кој се предвидуваат низа конкретни мерки со временски рокови за блатото што поскоро да добие законски режим на заштита на национално ниво. Според планот, во најприоритетните мерки се вбројуваат: изработка на студија за валоризација на природни вредонсти на локалитетот, запирање на мелиоративните активности и зафати кои придонесуваат за пресушување на блатото, контрола на нелегалниот риболов и криволовството, воспоставување на совет на засегнати страни.
Инаку од неодамна поставени се две информативни табли со податоци за блатото кои се бидат лоцирани на патот Охрид-Кичево во с. Ботун и пред општинската зграда во с. Белчишта.

Dec 18, 2017
Претседателот на Советот на општина Дебрца ја закажа Третата седница, која ќе се одржи во среда, 20.12.2017 година, со почеток во 13.00 часот. На дневен ред пред советниците се повеќе програми за 2018 година од надлежност на општината, разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈП Дебрца, кварталниот извештај и повеќе точки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 2-та седница на Советот на општина Дебрца.
- Предлог – Годишна Програма за развој на образованието во општината Дебрца за 2018 година
- Предлог – Годишна Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општината Дебрца за 2018 година
- Предлог – Годишна Програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2018 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2018 година
- Предлог – Годишна Програма за користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2018 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на културата во општина Дебрца
- Предлог – Годишна Програма за развој на локалната инфраструктура во општина Дебрца за 2018 година
- Предлог – Годишна Програма за изработка на урбанистички планови за општината Дебрца во 2018 година
- Предлог – Одлука за именување на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.01.2017 година – 31.03.2017 година
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 2125 КО Врбјани)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1573/1 КО Ботун)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 247/12 КО Горенци)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1885/2 КО Белчишта)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 336/14 КО Оровник)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1997 КО Брежани)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 2538 КО Мраморец)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 3000 КО Слатино)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1148 КО Песочани)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 2595 КО Слатино)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 6 КО Ново Село)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 521 КО Лактиње)
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Dec 15, 2017
Почитувани граѓани на Дебрца ,
Пред Вас е Предлог-Буџетот на општина Дебрца за 2018 година.
За првпат од постоењето на општината Буџетот на општината пред неговото донесување од советот на општината го ставаме на увид на јавноста.
Тоа го ветивме, а зборот е збор.
Целта ни е општинскиот буџет да биде подостапен и транспарентен за граѓаните.
Сметаме дека граѓаните мора да имаат увид како се трошат нивните пари.
Истовремено , нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирањето на општинските програми и политики.
Буџетот е од граѓаните и за граѓаните и затоа секој треба да има пристап и увид во него.
Ве охрабруваме и ги очекуваме Вашите мислења, предлози и сугестии по предлог-Буџетот на општината.
Зоран Ногачески, Градоначалник на општина Дебрца