Select Page
Градоначалникот Ногачески во дводневна посета на Хановер, Германија

Градоначалникот Ногачески во дводневна посета на Хановер, Германија

Почитувани граѓани,
На 28 и 29 ноември остварив дводневна работна посета на градот Хановер, Сојузна Република Германија.
Дозволете , накратко да Ве информирам за работната посета.
Имав ретка можност да ја посетам фирмата Umwelttechnik & ingenieure GmbH ( www.uigmbh.de ) и да се сретанам со Извршниот Директор , Г-динот Манфред Шуберт ( Manfred Schubert ), дипломиран инжинер.

Umwelttechnik & ingenieure GmbH веќе 21 година ја презема одговорноста за животната средина и технологијата. Работните полиња на фирмата се планирање и расчистување на третман на отпад и постројки за отстранување на отпад, постројки за производство на електрична енергија и слично.
Досега има реализирано преку 860 мали и големи проекти, национални и меѓународни проекти.

Како консултантски инженери Umwelttechnik & ingenieure GmbH ја ужива довербата на приватните и јавните клиенти и ги насочува клиентите од идеја до конечното пуштање во работењето на постројките.
Со висококвалификуваните експерти, Umwelttechnik & ingenieure GmbH е способен брзо и ефикасно да ги реализира амбициозните идеи ( во прилог постирав неколку фотографии од современи фабрики за третман на отпад, изградени во градови во Германија, а проектирани од оваа фирма ).

Во еден и пол часовниот разговор со Г-динот Манфред, еден од врвните, не само германски, туку и светски експерти за енергетика разговаравме за проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање за регионално управување со отпад во Југозападниот плански регион, запознавајќи го притоа со предложените решенија и технологија за третманот на комуналниот цврст отпад.
Г-динот Манфред истакна дека технологијата на механичко-биолошки третман , која ни се предлага е технологија од пред 30-40 години, која е напуштена и не одговара на денешните стандарди. Посебно ми потенцираше дека во денешно време е недозволиво ниту 1 % метан да оди во воздухот, а не 30 % како што е случајот при механичко-биолошкиот третман на отпадот.
Исто така, изрази неразбирање и за тоа зошто за констатираното количество на отпад од 56.000 т /годишно се предлага толку голема депонија, од околу 20-22 ха.
На мојата забелешка дека се предлага постројката да биде лоцирана во сливно подрачје на Охридското Езеро изненадувачки констатираше дека тоа е недозволиво и би претставувало, како што самиот рече “самоубиство”.
Исто така, разговаравме и за можностите за инвестиции во соларната енергија во општина Дебрца, а за што мојот домаќин пројави особен интерес.
Изразувајќи благодарност што одвои време да ме прими и останувајќи отворени за понатамошна соработка, Г-динот Манфред Шуберт го поканив да ја посети општина Дебрца, а кое со задоволство го прифати.

ВКЛУЧИ СЕ – БУЏЕТ ДЕБРЦА 2019

ВКЛУЧИ СЕ – БУЏЕТ ДЕБРЦА 2019

Почитувани граѓани, 

 
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2019 година. 
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар. (ТУКА)
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2019 година.
Во претстојниот период, општинското раководство ќе оствари и повеќе средби со граѓани во месните заедници, за кои навремено ќе Ве информираме.
 
Ви благодариме за соработката и придонесот.
Ногачески оствари средба со градоначалникот на Елбасан

Ногачески оствари средба со градоначалникот на Елбасан

Вчера во Елбасан, Република Албанија градоначалникот Ногачески оствари средба со Градоначалникот на градот Елбасан, Г-дин Qazim Sejdini.
На средбата Градоначалникот на Елбасан беше запознаен со профилот на општина Дебрца, а се разговараше и за можностите за меѓусебна соработка, посебно на планот на имплементација на заеднички проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, кои би се финансирале со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) на ЕУ, а со оглед на тоа да и градот Елбасан и општина Дебрца влегуваат во општини од прекуграничните области на двете соседни држави.


Изразувајќи благодарност за приемот , Градоначалникот на Елбасан го поканив да биде мој гостин и да ја посети општина Дебрца.- кажа Ногачески по средбата.

На средбата присуствуваа и претставници на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста Охрид, кои денес беа гости на сродните здруженија, нивни партнери од Елбасан и Тирана.