Select Page
Остварена работна средба на министерот Фазлиу и градоначалникот Ногачески

Остварена работна средба на министерот Фазлиу и градоначалникот Ногачески

Денес во работна посета на општина Дебрца беше Министерот за локална самоуправа Г-дин Сухејл Фазлиу со неговиот работен тим.
На средба со градоначалникот Ногачески разговараа за развојните можности и приоритети на општина Дебрца, тековните проекти, проблемите со кои се соочуваме и за идните предизвици, а во контекст на процесите на децентрализација и регионален развој.
Во село Волино Министерот, Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска ја посетија реконструираната зграда на старото основно училиште.
Средствата за реконструкција , во висина од 2.464.926,00 денари, без ДДВ се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, финансирање на проекти за развој на планските региони.


Старата училишна зграда во село Волино е изградена во далечната 1939 година и до 2013 година е користена како основно училиште. Генерации и генерации на ученици од Волино во неа го стекнале своето образование.
Од 2013 година кога се изгради новото училиште објектот е вон функција. Со реконструкцијата објектот ќе се пренамени во Центар на локалната заедница.
Во изјавата за медиумите Ногачески потенцираше дека освен овој проект, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година беа изготвени технички документации ( проекти за инфраструктура и основни проекти ) за три локални патни правци ( село Мешеишта-село Волино, Млин Илинче-Црква Св. Илија, Мешеишта, село Злести-врска со регионален пат ) и за два патни правци за регионално поврзување на општина Дебрца и општина Струга ( доизградба на патните правци село Волино-село Мороишта и село Требеништа-село Мислешево ).

Нацрт извештај на стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за ЛУПД за формирање на градежна парцела ГП-1.1, со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП-1289, КО-Белчишта, Општина Дебрца

Нацрт извештај на стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за ЛУПД за формирање на градежна парцела ГП-1.1, со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП-1289, КО-Белчишта, Општина Дебрца

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за локална урбанистичка планска документација за ГП-1.1 со намена за Г2 –  Лесна и незагадувачка иднустрија на КП 1289 КО Белчишта, Општина Дебрца
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазли  во работна посета на општина Дебрца

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазли во работна посета на општина Дебрца

Денес во работна посета, општина Дебрца ќе ја посети министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, кој ќе оствари работни средби со градоначалнкот Зоран Ногачески, при што ќе стане збор за развојните можности и приоритети на локална самоуправа во контекст на процесите на децентрализација и регионален развој. Учество во разговорите ќе земат и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, претседателот на Советот за развој на Југозападниот плански регион, Рамиз Мерко и  раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска.

Во рамките на посетата на Дебрца, министерот за локална самоуправа, Фазлиу и директорот на Бирото за регионален развој, Реџепи, ќе извршат увид на изведените работи на објектите и другата изведена инфраструктура во рамките на регионалните проекти имплементирани од страна на Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во партнерски однос со Општина Дебрца.

Во Волино, во рамките на проектот Изведба на енергетско-ефикасни објекти, целосно е реконструиран објектот на заедницата за потребите на локалното население.

За реконструкцијата во Волино, инвестирани се 2,5 милиони денари, средства што се обезбедени од Буџетот на РМ, преку Програмите за регионален развој. Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион е единствен од мрежата на осумте вакви институции во државата кои успеа навремено да ги реализира предвидените активности во рамките на три регионални проекти чија вкупна вредност е околу 26 милиони денари. Покрај изведба на енергетско-ефикасни објекти и патна инфраструктура,  дел на средства беа издвоени и за подготовка на техничка документација за потребите на 9-те општини што влегуваат во состав на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион.

Големина на Фонт
Контраст