Sep 27, 2019
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 27-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 27–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2019 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 26-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година
- Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2020 година
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година
- Предлог – Одлука за донесување на конечен урбанистички план за село Злести, Општина Дебрца
- Предлог – Одлука за донесување конечен урбанистички план за село Горно Средоречје, Општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за постигнатиот успех на учениците на основното училиште „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2018/2019 година
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за финансиско работење на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за период од 01.09.2018 до 31.08.2019 година
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за работа на основното училиште „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2018/2019 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Основното училиште „Дебрца“-Белчишта во учебната 2019/2020 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Локален акционен пла за животна средина за период 2019/2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на ценовникот на комунални услуги што ги извршува ЈП за комунална дејност Дебрца
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за исклучување и плаќање на надомест на штета за физички и правни лица кои бесправно користат вода
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Sep 23, 2019
Од денес продолживме со мерката- ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат ја воведовме минатата учебна година.
Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година.
Средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.
Со оваа мерка сакаме малку да го растеретиме семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцираме социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците.
И оваа година продолжуваме и со другите мерки: бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училишните спортови.
Sep 20, 2019
По минатогодишното хортикултурно уредување на дворното место во училиштето, Оровник ќе добие уште еден уреден простор, околу јарболот со македонското државно знаме.
Отпочнати се работите за уредување на овој простор.
Со проектот се предвидува преуредување на постоечката бекатон патека, изградба на нова бекатон патека, во должина од 109 метри, изградба на бекатон платформа за детско игралиште, во површина од 38 мкв, изградба на ѕид од фугиран камен, во должина од 80 метри, засадување на трева, во површина од 1384 мкв, засадување на пет високостеблести растенија, поставување на 9 клупи за седење, 9 корпи за отпадоци, детски реквизити, улично јавно осветлување од 6 канделабри и декоративни парковски светилки.
И се подразбира, ново знаме.
Вкупната вредност на работите изнесува 1.343.356 денари, а средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за развој на села ( 600.000 денари ) и Буџетот на општина Дебрца за 2019 година ( 743.356 денари ).
Продолжуваме да градиме по План – от.
Sep 19, 2019
Дебрца освен со сочувани природно наследство, биолошка разновидност и автентичност, се одликува и со богато историско наследство, градено од разните слоеви на цивилизации и култури, напластени на овие простори низ историјата и поради што со право го носи епитет Славна Дебрца.
Затоа, имаме обврска да се однесуваме одговорно кон нашата историја, култура и традиција, да го чуваме и заштитиме нашето богато историско и културно наследство.
Едно од тие историски места е селото Црвена Вода.
Во Црвена Вода, во текот на НОБ се донесени пресвртните одлуки за Македонија, а пред се Манифестот на Главниот штаб на НОВ И ПОМ.
Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.
И не случајно, 3 Октомври, Денот на Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, воедно е и Ден – Патронен празник на општина Дебрца.
Поради тоа, започнавме со санација на Спомен училиштето во село Црвена Вода, во кое се сместени Спомен собата на ГШ НОВ и ПОМ и Спомен собата на писателот Ванчо Николески.
Ќе се изврши демонтажа на старите подови и прозорци, бетонирање на подовите, поставување на керамички плочки, молерисување на внатрешни ѕидови, нови прозорци, нова електрична инсталација, шприцање на фасада, изработка на конзолна настрешница пред влезот и др.
Вкупната вредност на работите изнесува 589.535 денари , кои се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година.
Градиме по План-от.
Sep 17, 2019
На платото во црквата “Св.Спас”, село Годивје, во површина од 160 мкв, просторот каде се прославува верскиот празник “Спасовден”, се одржува културната манифестација “Ѓомлезијада” и е стартот на спортско рекреативната планинска велосипедска тура “Славеј + Караорман”, Дебрца ;
На влезот во манастирот “Св.Јован Крстител”, село Слатино, во површина од 70 мкв.
Средствата во износ од 208.335 денари се обезбедија од Буџетот на општината за 2019 година.
Продолжуваме да работиме по Планот.