
Jавен повик за изработување на урбанистички проекти
Одлука за јавен повик во прилог.
Одлука за јавен повик во прилог.
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 45-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 45–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 26.02.2021 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Ветивме дека со примена на најмодерните ИКТ мерки и стратегии ќе ја зголемиме отчетноста и транспарентноста на општинските институции, преку целосна имплементација на концептот на отворена општина ( Е-транспарентност .
До каде сме на овој пат?
Според Индексот на активна транспарентност 2017 ( за период на претходната локална власт), мерење подготвено од Центарот за граѓански комуникации со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), по нивото на транспарентност општина Дебрца го зазеде 73-то место од вкупно 84 општини, со резултат од 16,4 % остварени позитивни показатели или од вкупно 97 институции во кои се мерела активна транспарентност, општина Дебрца е рангирана на 86-то место, со оценка “многу слаба транспарентност”.
Според Индексот на активна транспарентност 2020, општина Дебрца го зазеде 30-то место од вкупно 84 општини, со резултат од 63,8 % остварени позитивни показатели или од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, општина Дебрца е рангирана на 44-то место, со оценка “добра транспарентност”.
Дали сме задоволни?
Ако тргнеме од тоа каква состојба сме наследиле , од многу слаба транспарентност стигнавме во горната половина институции со добра транспарентност, сме направиле позитивен скок.
Од сосема нетранспарентна и затворена општина стигнавме до препознатлива и отворена општина.
Ако тргнеме од тоа дали можеме подобро, тогаш мораме уште да работиме, бидејќи знам и убеден сум, дека можеме и повеќе и подобро.
Затоа и во наредниот период посветено ќе работиме на концептот отворена и транспарентна општина .
Целта ни е да стигнеме во групата на институции со многу добра транспарентност.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид – Константин Георгиески, на Општина Струга – Рамиз Мерко и на Општина Дебрца – Зоран Ногачески.
На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.
Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.
Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион и на развојните планови на општините.
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работ
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 работник за времетраење до 6 месеци, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи) и Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво– кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договорот, број, од 2020 година, склучен со Јавно претпријатие за државни патишта и тоа- едно лице ракувач со механизација ( трактор со приколка ).
Невработеното лице ќе бидат ангажирано согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицето ќе се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 850 денари по ангажирано лице, дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава
-копија од возачка дозвола “Б” категорија.
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае три работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Охрид, односно до 15.02.2021 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески