Select Page
Закажана 5-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 5-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 5-та седница на Советот на општината Дебрца.

Ја свикувам 5-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  28.02.2022 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 4-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2022 година
  3. Прелог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година
  4. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво
  5. Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2021 година
  6. Предлог – Одлука за одобрување средства од буџетот на општина Дебрца за кофинансирање на подпроект : „Реконструкција на културно историски дом во село Требеништа“
  7. Предлог – Одлука за доделување еднократна помош во вид на огревно дрво
  8. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош

 

–              Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                                         Претседател,

                                                                                                                      Илчо Алексоски