Select Page
Мојот данок за мојата општина

Мојот данок за мојата општина

При последната внатрешна ревизија во општина Дебрца, во делот на остварувањето на изворните приходи ( данок на имот и комунална такса за истакнување на фирма ) се констатира дека одреден број на даночни обврзници ( физички и правни лица ) не ги имаат измирено своите обврски по овие основи и затоа градоначалникот на општината и даночната администрација се задолжени да ги преземат сите со закон предвидени мерки за наплата на зостанатите обврски на даночните обврзници.

Во наредниот период општинската даночна администрација до сите даночни обврзници-должници по основ на данок на имот и комунална такса ќе достави последни опомени со дополнителен примерен рок за плаќање на заостанатите обврски, заклучно со 31.12.2021 година.
Со оглед на тоа да во изминатиот период не сме користеле присилна наплата апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата.
За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.

Одбележан 21 Јуни – Денот на езерото

Одбележан 21 Јуни – Денот на езерото

Со едриличарска прошетка по езерото и промоција на пловило на соларен погон, денес беше одбелжан 21 јуни, Денот на Охридското езеро. На манифестацијата како домаќин покрај градоначалникот Кирил Пецаков, присуствуваа и градоначалниците на Подградец Илир Џаколи и на Дебрца, Зоран Ногачески.

Денес уште еднаш ја потенцираме потребата од координирани активности, меѓуопштинска и меѓугранична соработка, исполнување на препораките на УНЕСКО, за да се обезбеди долгорочна заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето на Охридското Езеро. Општина Дебрца која е дел од брегот на Охридското Езеро и дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот регион е значајна алка во заштитата на нашиот бисер, Охридското Езеро.- изјави градоначалникот Ногачески по повод Денот на Охридското езеро.

Предмет: Информација до здружението на пчелари

Предмет: Информација до здружението на пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 20.06.2022 год. (понеделник) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 046 231 030.

Со почит,

Одделение за
епидемиолошка дејност
Охрид
17.06.2022 година

Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Почитувани земјоделци,
Ве известуваме дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината на ден 28.05.2022, наместо 14.06.2022 година ќе биде продолжен до, заклучно со 17.06.2022 (петок) .

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копие од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; или копие од имотен лист; или копие од договор за закуп ).

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855.

Потребните документи:

    1. Изјава
    2. Пријава
Доделени сведителствата на полуматурантите во ООУ Дебрца- Викторија Печоска прогласена за првенец на генерација

Доделени сведителствата на полуматурантите во ООУ Дебрца- Викторија Печоска прогласена за првенец на генерација

Денес во ООУ “Дебрца” градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование .
Градоначалникот на сите полуматуранти им го честиташе завршувањето на основното образование и им посакав многу успех во понатамошното образование.
На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Викториа Печоска, во име на општина Дебрца, и додели плакета за првенец на генерација , а на учениците Филип Донески, Ана Марија Маркоска, Христијан Ристоски, Славица Калоаноска и Марија Жилеска плакети за ученици на генерација .
На првенецот на генерација и учениците на генерација општината доделува и парична награда во износ од 5.000 денари.
Важно е да ги наградиме најдобрите и да ги мотивираме нашите ученици да продолжат така.
Општината и понатаму ќе биде поддршка за сите наши основци, средношколци и студенти на различни начини.
Наша обврска е да инвестираме во образованието, затоа што само на тој начин инвестираме во иднината на нашата општина и држава.