Mar 29, 2023
Денес во просториите на ,,ОУ Дебрца” село Белчишта се одржа третата работилница од форумските сесии од проектот,, Зајакнување на општинските совети”На сесијата се презентираа предлог проектите од страна на работните групи на форумот како и преставници на одделението за урбанизам ги образложија предлог проектите.
Во четврата фаза преминуваат три предлог проекти :
- Енергетска ефикасност во централно училиште ОУ Дебрца село Белчишта (реконструкција на кров)
- Изградба на детско игралиште во село Требеништа со хотикултурно уредување
- Поставување на систем за греење во објектот во основно училиште во село Оровник и пристапна патека за лица со посебни потреби.
На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кои проекти ќе бидат финансирани од вкупниот проектен фонд на УНДП Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.
Mar 29, 2023
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е Давид Гир, во понеделник 03.04.2023 година ќе биде во целодневна работна посета на општина Дебрца. За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европскат Унија.
Во попладневните часови амбасадорот исто така ќе оствари и непосредни средби со НВО и граѓаните на општина Дебрца.
Mar 28, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, реализира Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во втората форумска сесија.
Третата форумска сесија ќе се одржи на 29.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на третата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на третата сесија ќе се дискутираат Предлог проектите во кои се содржани решенијата за проблеми кои се идентификувани од првата и втората форумска сесија.
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Дневен ред трета форумска сесија
Mar 27, 2023
На ден 30 март 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница: донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги.
Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.
Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава.

Дневем ред за 2-ра Работилница
Mar 23, 2023
Денес во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” се одржи работилница донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги.
Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од Белчишкото Блатото.
На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески кој ја истакна исклучителната важност на Белчишкото Блато како за општината така и за регионот како и ја истакна подршката во спроведување на вакви проекти.
На работилницата предавање одржа проф.д-рСашо Трајановски, биолог.
Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава
Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г ова е првата работилница преостануваат уште четири работилници кои дел од нив ќе бидат со теренски посети на Белчишкото Балто.