Select Page
Одржана првата работилница  донесување одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги

Одржана првата работилница донесување одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги

Денес во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” се одржи работилница донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги.

Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од Белчишкото Блатото.

На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески кој ја истакна исклучителната важност на Белчишкото Блато како за општината така и за регионот како и ја истакна подршката во спроведување на вакви проекти.

На работилницата  предавање одржа проф.д-рСашо Трајановски, биолог.

Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава

Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г ова е првата работилница преостануваат уште четири работилници кои дел од нив ќе бидат со теренски посети на Белчишкото Балто.