Select Page
20-та седница на Советот на општината Дебрца

20-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 20-та седница на Советот на општината Дебрца

  Ја свикувам 20-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  30.05.2023 година (вторник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:

 Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 19-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2023 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година
  4. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година
  5. Предлог – Годишна Програма за изменување и дополнување на годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2023 година
  6. Предлог – Годишната програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2023 година
  7. Предлог – Правилник за изменување на Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување еднократна парична помош од Буџетот на општина Дебрца
  8. Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
  9. Предлог – Решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Охрид
  10. Предлог – Решение за именување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Охрид
  11. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Дебрца за 2023 година

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Претседател,

Илчо Алексоски

 

 

Започна  Замената на дел од регионалниот цевководот кај пумпната станица ,,Св Еразмо”

Започна Замената на дел од регионалниот цевководот кај пумпната станица ,,Св Еразмо”

Започна замена на дел од регионалниот цевковод  кој излегува од пумпната станица ,,Св. Еразмо”, со која се предвидува демонтажа на постоечка метална водоводна цевка ф315 и замена  со полиетиленска HDPE цевка  ф315 PN 16 во должина од 180м  како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем.

Со овој зафат се подобрува активноста на регионалниот водоснабдителен систем како и намалување на дефектите на тој потег.

Средствата во висина од 3.782.826,00 денари со вклучен ДДВ се обезбедни од буџетот на Општина Дебрца

 

Одбележан 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000 Во Белчишта / Белчишко Блато

Одбележан 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000 Во Белчишта / Белчишко Блато

Во Белчишта / Белчишко Блато денес се одбележа 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.

На настанот свое обраќање имаа:

-г-ѓа Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање,

-Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија,

-г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца,

-г-дин Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”,

Во своето обраќање Градоначалникот Зоран Ногачески  посебно го потенцира  значењето на Белчишкото Блато “Сини Вирој” ,како биодиверзитет со извонредно висока природна вредност.

Белчишкото Блато во Директивата на ЕУ е таргетирано како идно европско заштитено подрачје во рамките на Натура 2000.

Преку Министерството за животна средина и просторно планирање во тек е постапка за прогласување на блатото за заштитено подрачје од категорија Парк на природата.

Нашите заложби се да се обезбеди заштитен статус на блатото,но истовремено да се обезбеди негово одржливо користење и истото да прерасне во високо рангирана еко туристичка дестинација.

Блатото иако е во Дебрца, тоа не е само наше и им припаѓа на сите.Токму затоа потребно е сите да се ангажираме во неговата заштита, како и заштита на останатите природни вредности во регионот и државата.

Пристуните при посетата на самото блато се запознаа со неговите виситнски вредности кои ги поседува како за развој на алтернативните видови туризам, така и за научно истражувачки цели и едукативни настани за биодиверзитет.

Настанот заврши со пешачење околу блатото, заедно со ученици од ОСУ Св.Климент Охридски, од Охрид .

Во општина Дебрца ќе се одбележи 22 Maj-Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000

Во општина Дебрца ќе се одбележи 22 Maj-Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000

Во Белчишта / Белчишко Блато, во понеделник ќе се одбележи 22 МаЈ – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.

 На настанот свое обраќање ќе имаат:

-г-ѓа Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање,

-Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија,

-г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца,

-г-дин Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”,

-г-дин Даниел Богнер, тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,

 

Настанот е организиран во рамки на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,финансиран од Европската Унија,  со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање  и Делегацијата на Европската Унија.

Agenda mk

 

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи за реконструкција на улица во село Волино

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи за реконструкција на улица во село Волино

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта”, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за реконструкција на улица во село Волино.

Со проектот се предвидува реконструкција на улица во село Волино, на потегот од кај расадник “Розенталис” , на општински пат село Мешеишта-село Волино до мост на река Сатеска, на општински пат село Волино-село Требеништа, како и реконструкција на плоштадот во селото.

По поднесувањето на апликацијата и потребната документација ( основен проект, сообраќаен проект, проект за уличното осветлување, елаборат за експропријација, одобрение за градење и друга документација ) и спроведување на постапка за одобрување, проектот е одобрен.

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи, кој завршува на 23 Мај 2023 година.

По завршувањето на тендерската постапка и склучување на договор со најповолниот понудувач се очекува да започне имплементацијата на проектот

 

http://mtc.gov.mk/javniOglasi/1-15?fbclid=IwAR2KdqsAzpsIoR2v2U6AAa8jfX3gxSCkRf14masiIoZc1jt6TFHO7eJbgWc