Select Page
Успешно спроведена акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Успешно спроведена акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца”  успешно ја спроведоа акцијата   за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банкa.

Aкција  започнa  во 9 и 30 часот  на две локации и тоа: Училишниот двор на  ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред  Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта.

Двете Групи составени од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата  на Општина Дебрца како и Градоначлникот  заеднички пристапија  на  чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, дел од регионалниот пат Ботун-Брежани, како и влезот од правец на село Злести кон село Белчишта, центарот пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор  на ООУ ,, Дебрца”.

Собраниот одпад ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.

 

Презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Општина Дебрца Ве информира  дека е подготвена Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.

Со цел да ја презентираме и претставиме и воедно  да разговараме за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа, Општина Дебрца организира состанок во среда (17.05.2023) во 11:00 часот во просториите на општина Дебрца.

На состанокот  ќе присуствуваат членовите од Одборите на Корисници, релевантни лица од општината, Градоначалникот и координарот на проектот.

Презентација ќе извршат  стручни лица / претставници од Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за Финансии  на Република Северна Македонија, како и од консултантската екипа која ја изработуваше студијата.