Select Page
Одржана презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Одржана презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Денес во општина Дебрца, во присуство на претставници на општината, Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за финансии , Одборите на корисници претставниците на Градежен институт Македонија ја презентираа Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.

Во презентацијата се претставени и воедно се разговараше за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа за истите.

Физибилити студијата е изработена за потребите на подпроектот “Модернизација на јавното осветлување во населените места во општина Дебрца”, за кој општината има аплицирано за добивање на подзаем и грант од Министерството за финансии, а во рамки на средствата обезбедени со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.