Select Page
25-та седница на Советот на општината Дебрца

25-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 25-та седница на Советот на општината Дебрца

 Ја свикувам 25та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  31.10.2023 година (вторник, со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца).

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 24-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Мислење по Програмата за реализација на тридневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2023/2024 година
  3. Предлог – Мислење по Програмата за дводневна научна ескурзија – „VI одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2023/2024 година
  4. Предлог – Мислење по Програмата за реализација на еднодневна ескурзија за учениците од III одделение ООУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2023/2024 година
  5. Предлог – Мислење по Програмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2023/2024 година
  6. Предлог – Мислење по Програмата за настава во природа за учениците од V одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2023/2024 година

                                   

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                  Илчо Алексоски

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  

Проект „Натура 2000“- Белчишко блато-дом на стотици видови растенија и цицачи

Проект „Натура 2000“- Белчишко блато-дом на стотици видови растенија и цицачи

Белчишко Блато е идентификувано како потенцијално Натура 2000 подрачје.Ова добро зачувано мочуриште, со поплавени шуми и влажни пасишта, е едно од најважните во земјава. Специфично е поради различните типови на мочуришни живеалишта, особено поплавената Евелова шума. Во него живеат многу видови кои е неопходно да се заштитат.

Разговор со Богољуб Стеријовски – технички асистент на тим лидерот на „Натура 2000“

 

 

Потсетување и Повик до ѓраѓаните и правните лица за подмирување на данок на имот и комуналните такси

Потсетување и Повик до ѓраѓаните и правните лица за подмирување на данок на имот и комуналните такси

Општина Дебрца ги потсетува своите даночни обврзници дека тече рокот за плаќање на данокот на имот и комуналната такса.

Во изминатиот период од страна на општинската администрација беа доставени даночните и решенијата за комунална такса за 2023 година, а до даночните обврзници кои имаат заостанати обврски заклучно со 31.12.2022 година се доставени опомени со дополнителен рок за подмирување на обврските.

Во наредниот период до сите даночни обврзници кои не ги подмириле обврските и во дополнителниот рок ќе бидат доставени последни опомени , по што следува донесување на решенија за присилна наплата, а за што градоначалникот и општинската даночна администрација се задолжени согласно законот.

Уште еднаш апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата.

Воедно, Ве известуваме дека од страна на општинската даночна администрација е започната постапка за ажурирање на податоците од даночните регистри.

За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.

 

Потпишан Догoворот за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца

Потпишан Догoворот за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца

Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор”, кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, општина Дебрца аплицираше со под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца, односно замена на постојните светилки од улично осветлување во населените места во Општина Дебрца”.

Општина Дебрца и Министерството за финансии го потпишаа договорот за подзаем и грант, со кој за реализација на подпроектот се обезбедуваат вкупно 31.084.976 денари, од кои 24.867.981 денари се подзаем, а 6.216.995 денари се грант.

По завршувањето на тендерската постапка,согласно правилата на Светска Банка ќе започне имплементација на овој капитален проект, со кој ќе бидат заменети вкупно 1412 постојни улични светилки во населените места во општината со нови, со современа лед технологија.

Во тек е  изградбата на Парк  во село Требеништа, со детско игралиште

Во тек е изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште

Изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп  на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел е во тек и се одвива според утврдената динамика за спроведување на проектот.

Во моментов на терен се изведени поголем дел од градежните активности кои се предвидуваат со проектот и во наредниод период ни преостанува целосно завршување на истите  како и  поставување на осветлување,  поставување на детски реквизити  играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка  како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување, со што би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите.

Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за ,,Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)

Со вкупна сума од 2.605,212 мкд од кои  1.953.909,00 мкд  средства одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 мкд обезбедни од буџет на општина Дебрца .