Select Page
ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2024

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2024

Почитувани граѓани, 

 

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2024 година. 

Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.

Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. 

Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (05/12/2023, Вторник) со почеток во 10:00 часот во конгресната сала во Општина Дебрца, каде  поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2024 година.

ВКЛУЧИ СЕ – БУЏЕТ ДЕБРЦА 2024

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса

Повик за поднесување на понуди (ППП) Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца

Повик за поднесување на понуди (ППП) Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца

Повик за поднесување на понуди (ППП)

Градежни работи
 

Држава: Република Северна Македонија

Назив на проект:Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор

Назив на договор: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

Заем бр.: 9038-МК

Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007-23

 

  1. Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
  2. Општина Дебрца ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

 

  1. Поднесувањето на понудите ќе се спроведе преку процедури за интернационално конкурентско надавање со користење на Повик за поднесување на понуди (ППП) како што е специфицирано во Упатството на Светска Банка: “Регулативи за набавка за замопримачи за ФИП” од ноември 2020 (Регулативи за набавка) и е отворен за сите Понудувачи како што е дефинирано во Регулативите за набавка.
  2. Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Светлана КостоскаДонески и да извршат увид во тендерската документација на адреса: с.Белчишта Општина Дебрца, во период од 08:00 до 14:00 часот, но не подоцна од 15:00 часот.
  3. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќање на неповратна такса од 3000 денари. Плаќањето ќе се изврши преку Народната Банка на Република Северна Македонија:

Банка: Народна Банка на Република Северна Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 719014062263013

Приходно конто: 725 939

По доставување на потврда за извршена уплата за тендерската документација на маил svetle87@yahoo.com целокупната документација ќе ви биде испратена по електронски пат од страна на Општината.

  1. Задоцентите понуди ќе бидат одбиени. Отворањето на понудите ќе биде јавно во присуство на овластените претставници на Понудувачите и лица кои сакаат да присуствуваат на адресата: с.Белчишта на 20.12.2023.
  2. Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од 950.000 денари.
  3. Адресата на која се упатува погоре е:

Адреса: Општина Дебрца

с.Белчишта

Поштенски број: 6344, Република Северна Македонија

Предмет: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.