Select Page
Започна  реконструкција на Објектот (поранешна продавница) во село Ботун

Започна реконструкција на Објектот (поранешна продавница) во село Ботун

Во тек е реконструкција на објект (поранешна продавница) во село Ботун, со реконструкцијата е предвидено промена на кров,промена на стара дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешни простории и подови.

По завршување на реконструкцијата објектот се предвидува да биде издаден како деловен простор за (продавница) и дел од објектот ќе биде наменет за потребите на жителите на село Ботун за одржување на состаноци и собири.

33-та седница на Советот на општината Дебрца

33-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 33-та седница на Советот на општината Дебрца

 

 Ја свикувам 33та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  28.05.2024 година (вторник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.За седницата се предлага следниот:             

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 32-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2024 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 година
  4. Предлог – Програма за уредување на градежно емјиште во Општина Дебрца за 2024 година

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                Никола Короскоски

                                                              

Одбележан 22-Мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Општина Дебрца

Одбележан 22-Мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Општина Дебрца

Денес, на Светскиот ден на биолошката разновидност, во Општина Дебрца беше  одбележан 22 мај –  Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности.

Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови од растителниот и животинскиот свет на неколку локалитети – Сини Вир меѓу Ново Село и Белчишта, како и изворите Горно Поле кај с. Велмеј. Исто така беше организирана и обука за запознавање и собирање лековити и ароматични билки и плодови од природата со кои изобилува Дебрца. Слични активности се планираат во наредниот период за пошироката јавност.

Активностите се поддржани од US Forest Service и тековните проекти кои Ектоуризам 2016 го спроведува со општина Дебрца, а се со цел  истражување на природните богатства и нивно одржливо искористување за развој на општината.

Започна уредување на речното корито во с.Белчишта

Започна уредување на речното корито во с.Белчишта

Денес започнаа активности за уредување на речното корито во с.Белчишта во должина од 150 метри, со уредувањето се предвидува  расчистување на теренот од вегетација поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на дното на каналот  и санирање на оштетени делови од постоечкото корито.

Средства за уредување на речното корито се обезбедени од буџет на општина Дебрца.

 

Општината во наредниот период започнува со проекти на повеќе локации во општината и тоа:

-Реконструкција на поранешна продавница во село Ботун;

-Реконструкција на Административната зграда на општината со целосна реконструкција на големата сала за состаноци во општината;

-Набавка на нова пумпа за пумпната станица во село Мешеишта и санација на резервар за вода;

– Реконструкција на кровна конструкција на задружен дом во село Годивје;

– Поставување на улично осветлување до манастирот св.Богородица село Ботун;

 

 

Генералка Викенд со учениците на ООУ ,,Дебрца” вработените во Општина Дебрца и ЈКП Дебрца

Генералка Викенд со учениците на ООУ ,,Дебрца” вработените во Општина Дебрца и ЈКП Дебрца

Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца”  успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД,  за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.

Aкција  се одржа во Училишниот двор на  ООУ,, Дебрца”- село Мешеишта, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата  на Општина Дебрца  заеднички пристапија  на  чистење на главната улица од влезот на село Мешеишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца”.

Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.