Jun 27, 2024
Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца
И во оваа пригода го истакна значењето на овој културен настан за општината и изрази задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува.
Во изминатите години создадени се бројни дела,културно наследство кое не е само наше,туку со право претставува светско наследство.
На годинешните учесници им посакав топло добредојде во Дебрца и инспирација за создавање на нови дела, а на раководството на колонијата уште мноштво изданија.
Општината и оваа година финансиски го помогна културниот настан, а тоа ќе го прави и во иднина.
Jun 27, 2024
Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното:
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Дебрца дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-131/2022 од јули/2023 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје.
Член 2
Проектниот опфат на Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца
Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, е опфатен во рамките на опфатот за кој се издадени Услови за планирање на просторот за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани, КО Белчишта, Општина Дебрца, со тех. бр. Y07922 од септември/2022 год., и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање со арх. бр. УП1-15 1719/2022 од 15.09.2022 год.
Проектниот опфат е со површина од 15636.60 м2 или 1.56 ха.
Проектниот опфат е дефиниран со делови од катастарските парцели КП-1549/1 и КП-1549/2, КО Белчишта, кој е дефинира со следните Кординати:
1 |
7486467,91 |
4572493,46 |
2 |
7486439,46 |
4572442,63 |
3 |
7486500,86 |
4572439,24 |
4 |
7486516,65 |
4572469,94 |
5 |
7486531,87 |
4572503,64 |
6 |
7486515,68 |
4572518,72 |
7 |
7486499,1 |
4572530,17 |
8 |
7486488,99 |
4572538,45 |
9 |
7486483,87 |
4572409,76 |
10 |
7486414,02 |
4572398,99 |
11 |
7486376,02 |
4572339,04 |
12 |
7486401,97 |
4572378,75 |
13 |
7486412,01 |
4572395,9 |
14 |
7486380,32 |
4572344,91 |
15 |
7486377,91 |
4572293,01 |
16 |
7486396,5 |
4572325,14 |
17 |
7486404,99 |
4572315,49 |
18 |
7486411,81 |
4572311,01 |
19 |
7486422,01 |
4572306,92 |
20 |
7486431,59 |
4572324,94 |
21 |
7486457,53 |
4572367,37 |
22 |
7486354 |
4572309,02 |
23 |
7486330,49 |
4572276,53 |
24 |
7486322,98 |
4572265,86 |
25 |
7486327,26 |
4572238,03 |
26 |
7486332,4 |
4572214,5 |
27 |
7486357,63 |
4572258,49 |
ЈАВЕН УВИД
На Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-131/2022 од јули/2023 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје, ќе трае 15 во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 28.06.2024 год. до 12.06.2024 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, комунални и јавни дејности
Изработил,
дипл.инж.арх. Игор Мартиноски
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески
Jun 25, 2024
Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.
Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Jun 19, 2024
Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено деделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование.
Градоначалникот Зоран Ногачески На сите полуматуранти им го честита завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.
На настанот, на ученикот Мартина Цветаноска во име на општина Дебрца, и додели плакета за првенец на генерација, а на учениците Јована Тодороска, Никола Дукоски, Елисавета Крцоска и Климент Бујароски плакети за пофалени ученици на генерација.
На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.
И оваа година општината на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.
Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.
Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.
Jun 14, 2024
Во село Издеглавје се извршени активности за тампонирање со гребен асфалт на патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км по барање на жителте на село Издеглавје.
По завршувањето на тампонирањето со гребен асфалт на патот до црквата “Св Димитрија”,село Издеглавје денес продолживме со тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”,село Сливово,со што ќе се обезбеди полесен пристап на граѓаните до црквата и селските гробишта.

Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.