Jul 31, 2024
Денес во село Сливово во престерет на чествување на големиот Христијански празник посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.

Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската православна црква.
Историските моменти се нераскинлив дел од Дебрца, борбите на комитите по падините на планините на територија на Дебрца за слободна Македонија се паметат и се чествуваат.

На коњаницата им се заблагодаривме за можноста селото Сливово да биде местото на тргнување и започнување на чествувањата на празникот св.Илија – Илинден и во име на Градоначалникот на општина Дебрца им посакавме мирен галоп по падините на територија на Дебрца како и безбедно стигнување до крајната дестинација.
Jul 26, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 35-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 35–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 31.07.2024 година (среда), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 34-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за издавање согласност за формирање чисти паралелки од I до IX одделение под 20 ученици во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2024/2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање комбинирани паралелки од I до V одделение под 10 ученици во основното училиште „Дебра“ – Белчишта за учебната 2024/2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Програмата за работа и развој за 2024 година на ЈПКД „Дебрца“ – Белчишта
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.07.2023 година – 30.09.2023 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.102023 година – 31.12.2023 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.012023 година – 31.12.2023 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.01.2024 година – 31.03.2024 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски
Jul 24, 2024
Денес на иницијатива на СВР Охрид во просториите на општина Дебрца се одржа состанок за заштита од пожари на отоврен простор, каде покрај претставници на СВР Охрид присуствуваа и претставници на месните заедници во општината, членови на Штабот за заштита и спасување во општина Дебрца како и претставници на ЈП ,, Национални Шуми” подружница ,, Галичица”.
На координативниот и советодавен состанок беше анализиран степенот на загрозеност на шумите на подрачјето на општина Дебрца како и шумски предели и необработливо земјоделско земјиште од пожари како и превенција за рана детекција на пожар на отворен простор.
Од страна на претставници на СВР Охрид присутните беа известени за формирање на мобилни тимови составени од надлежни служби кои, ќе вршат патрола на територија на општина Дебрца за избегнување на пожар на отворен простор.
Воедно присутните беа известени и за забраната за движење во шуми и шумски предели без согласност издадена од ЈП ,, Национални Шуми” подружница ,, Галичица” да не се движат во шумите и истата треба да се почитува и подлежи на санкции.

Од страна на претставници на општина Дебрца беше истакнато дека општината ќе ја прошири и подобрува соработката со сите надлежни институции особено во делот за заштита од пожари на отворено.
Воедно упативме апел до претставниците на месните заедници за соработка со мобилните тимови како и соработка со СВР Охрид се со цел избегнување на пожари, како и да ги почитуваат насоките издадени од страна на надлежните институции во Република Македонија.
Jul 16, 2024
Завршено тампонирањето на патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км.
Вкупната вредност на работите изнесува 560.878 денари, кои се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Работите ги изведе формата БИС дооел Охрид