Menu
Се одржа првата културна манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”

Се одржа првата културна манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”

Денес се одржа првата културна манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”,која во организација на КУД “Дебрца”, а под покровителство на општина Дебрца за првпат се одржа во дворот на Црквата “Св. Спас”, во село Годивје.
Градоначалникот Ногачески во своето обраќање до присутните истакна дека Дебрца освен со сочувани природно наследство, биолошка разновидност и автентичност, изобилува и со богато културно наследство, создавано од разните слоеви на цивилизации и култури напластени на овие простори низ историјата.

Дебрца има многу атрактивни села, цркви, манастири и свети места, како и археолошки локалитети, кои се недоволно заштитени или промовирани онака како што заслужуваат.
Затоа, имаме обврска да се однесуваме одговорно кон нашата култура и традиција, да го чуваме и заштитиме нашето богато културно наследство.
Богатствата што се секаде околу нас не се само обврска и завет, туку и ресурс кој може помогне за одржлив културен развој на општината, како и инспирација за и ние да оставиме вакви вредности за идните генерации.
Од тие причини, ја поздравувам и без размислување прифатив општина Дебрца да биде покровител на културната манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”.
Посебно ми е мило што истата се одржува во село Годивје, место кое во изминатиов период стана парадигма, односно симбол на нашата борба за зачувување на еколошката чистота и епската димензија на Дебрца.
Нашата заложба е јасна, култура до сите, култура за сите , култура во секој дел на општина Дебрца и за сите граѓани подеднакво.- истакна градоначалникот Ногачески.

Јавен Оглас: Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

Јавен Оглас: Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

Повик за поднесување на понуди (ППП)

 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

MSIP-IPA-NCB-022-18

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
  1. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за набавка на комунални возила за потребите на ЈКП Дебрца
  1. Општина Дебрца во ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка  на  комунални возила за потребите на ЈКП Дебрца да ги достават своите запечатени понуди.

(more…)

Јавен Оглас: Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

Јавен Оглас: Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

Република Македонија

 Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

ИПА инвестициски грант

 MSIP-IPA-NCB-022А-18

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.
  2. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на две улици во с.Мешеишта,Општина Дебрца
  3. Општина Дебрца  ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат: Реконструкција на две улици во с.Мешеишта,Општина Дебрца
  4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30 часот :

(more…)

Ногачески ги прими учесниците на 34-та ликовна колонија “Дебрца-2018”

Ногачески ги прими учесниците на 34-та ликовна колонија “Дебрца-2018”

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески денес ги прими учесниците на 34-та ликовна колонија “Дебрца-2018”.

Пиејќи го заедно утринско кафе, градоначалникот на присутните уметници им ги презентираше спецификите на општина Дебрца, нејзините природни убавини како дополнителен мотив за создавање на нови ликовни дела.

На состанокот се разговараше и за издигнување на колонијата на повисоко ниво, се со цел нејзина афирмација на национално па и на светтско ниво, на што градоначалникот Ногачески даде ветување дека наредната година која е јубилејна 35-та, општина Дебрца ќе се вклучи директно, давајќи максимална поддршка во успешна организација.

Годинава, на Колонијата, во Белчишта творат: Од Македонија – Стадим Димитров, Запро Запров, Даниела Димческа, Горан Јованов, Симон Арнаудов, Предраг Јанески. Од Албанија доага Тасо Констандини, а од Бугарија – Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева.
Зад Ликовната колонија “Дебрца”, стојат над 700 дела, мегу нив и платна на великани од постарата генерација, како професорот Димче Коцо, Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасиевски, Љупчо Стефаноски и други. На нив се надоврзуваат Мето Георгиевски, Менде Иваноски, Васко Ташковски, Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев и многу други.

Од 1983 година, Колонијата има своја Галерија, најнапред скромна во старата зграда на поранешната, како овде ја нарекуваат, италијанска касарна, од времето на окупацијата, додека од 2005 година, свој, современ објект со сите услови за галерскo ускладиштување и презентирање.