Menu
Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по годишна програма за јавни работи

Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по годишна програма за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (“Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15,27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2018 година, број 01-909/17 од 02.05.2018 година и број 01-1331/18 од 02.07.2018 , Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по годишна програма за јавни работи

 

  • Општина Дебрца има потреба од работни ангажирање на 2 (двајца) работници за времетрање од три месеци, за извршување на јавни работи и тоа – Одржување на јавната инфраструктура (одржување – чистење на крајпатна вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи) и Одржување и заштита на животната средина и природата (чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалски игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).

 

  • Право да се пријават имаат долгорочно евидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 500 денари по ангажирано лице, дневно, платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

  • Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
  • пријава и
  • потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени

 

  • Огласот трае три работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Охрид, односно до 04.07.2018 година.

 

  • Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 08:30 – 16:30 часот.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Дебрца и З.П Охрид и Дебрца

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Дебрца и З.П Охрид и Дебрца

Денес, под покровителство на градоначалниците на општините Дебрца и Демир Хисар, на Илинска Планина, кај Илинска црква се оддржа заедничка пензионерска средба на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца и Здружението на пензионерите Демир Хисар. На средбата присуствуваа пензионери од двете здруженија, како и гости од здруженија на пензионери од други места во Република Македонија и од збратимените здруженија на пензионерите од градот Врање, Република Србија и градот Поградец, Република Албанија.

 

На средбата со Претседателот на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески потпишавме Меморандум за соработка помеѓу општина Дебрца и Здружението, со што ја формализиравме фактички воспоставената соработка. Во моето обраќање, на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца им го честитав јубилејот 68 години постоење, а на Здружението на пензионерите Демир Хисар, 50 годишниот јубилеј. Посебно истакнав дека пензионирањето од работа не значи пензионирање од општеството и дека пензионерите се и мора да бидат значаен чинител во нашето општество.Со своето акумулирано знаење, интелектуален капацитет, мудрост и искуство треба да ни помагаат на нас помладите, за добробит на сите граѓани. Со мислата за благосостојба на сите наши граѓани и за силна и просперитетна Република Македонија, на крајот на присутните им посакав здравје, исполнети пензионерски денови и желба оваа средба да прерасне во традиција, која ќе ја негуваме и збогатуваме. – истакна градоначалникот Ногачески.

Градоначалникот Ногачески со исказ пред Надзорната расправа на Комисијата за култура

Градоначалникот Ногачески со исказ пред Надзорната расправа на Комисијата за култура

Вчера во Собранието на Република Македонија градоначалникот Ногачески даваше исказ пред Надзорната расправа на Комисијата за култура на тема: Законот за управување со Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.

Во своето излагање градоначалникот Ногачески истакна неколку работи кои се значајни од аспект на заштитата на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, чиј дел е и Дебрца и тоа:

  • потребата од номинирање на Белчишкото Блато “Сини Вирој” до Конвенцијата на УНЕСКО, како природно наследство од особено значење кое треба да влезе во Списокот на светското природно наследство во Охридскиот регион, односно да се избориме за проширување на границите на заштитеното природно добро во Охридскиот регион;
  • потенцирав неколку проекти и активности, кои во изминатиот период беа имплементирани на подрачјето на општина Дебрца, а кои имале или ќе имаат негативното влијание врз биодиверзитетот, почвата и водите, односно претставуваат сериозна закана за одржување на биодиверзитетот и природната изворност на Охридско Езеро и Регионот ( изградбата на пешачката патека, односно бетонската платформа на брегот на Охридското Езеро, во КО-Оровник, практиката при изградбата на Автопатот А2, делница Кичево-Охрид, која во најголемиот дел поминува низ општина Дебрца, на изведувачите на работите, во скратени и ад хок постапки да им се издаваат дозволи за користење на минерална суровина од т.н. позајмишта, дозволи за депонирање на инертниот отпад, водостопански согласности со кои на терен беше менуван водотекот на реката Сатеска,како и одобрение на земјоделско земјиште, во непосредна близина на реката Сатеска и Белчишкото блато да изградат постројки за бетонска и асфалтна база;
  • несоодветното управување со отпадните води, односно немањето на канализациони системи во селата кои влегуваат во заштитениот регион;
  • посебно се задржа на препораката во однос на несоодветното управување со цврстиот отпад во регионот, дека сите документи за воспоставување на интегриран и финансиски оддржлив систем за управување со отпад во Југозападниот плански регион, изготвени од Министерството за животна средина и просторно планирање се донесени во една крајно нетранспарентна постапка, без притоа да се побара мислење од Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и во нив како локација за регионалната депонија се посочува селото Годивје, општина Дебрца. Ваквото несреќно решение не само што не го решава проблемот, туку дополнително директно го загрозува Охридското Езеро и заштитеното природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Потенцираше дека единствено прифатливо решение е регионалната депонија да се гради на локација каде што нема ризик од негативни ефекти врз природа со уникатна вредност како што е охридскиот регион, односно надвор од сливното подрачје на Охридското Езеро.

Општина Дебрца останува крајно посветена на исполнување на обврските кои во однос на управувањето со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион произлегуваат од Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, Конвенцијата на УНЕСКО и документите донесени од органите на оваа Конвенција.

Честитка за Рамазан Бајрам

Честитка за Рамазан Бајрам

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот Ногачески упати честитка до сите исламски верници:

На сите граѓани од исламска вероисповед Ви го честитам најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.
Во духот на Празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир и нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани.

Честит Бајрам – Бајрам Мубарек!

Активности за реализацијата на Годишната програма за организирање на јавни работи

Активности за реализацијата на Годишната програма за организирање на јавни работи

Изминатата седмица во рамките на “Програмата за јавни работи” на територија на општина Дебрца се изведуваат зафати за расчистување на дивите депонии, односно расчистувања на крајпатната вегетација која со години наназат преставува сериозен проблем во непреченото одвивање на сообраќајот.

Започнуваќи од  5-ти јуни-светскиот ден на животната средина, во општина Дебрца се отпочна реализацијата на Годишната програма за организирање на јавни работи. Jавните работи ќе се организираат за одржување на јавната инфраструктура и одржување и заштита за животната средина и природата ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавниповршини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, подобрување на условите за живеење и други работи). Со програмата работно се ангажирани 10 долгорочно eвидентирани невработени лица, за период од 5 месеци. За потребите на јавните работи набавени се машини, хтз опрема и алати ( моторна коса тример, моторна пила телескопска, машина за сечење на асфалт, моторна пумпа за наводнување и одводнување, апарат за заварување, брусалици, градинарски и друг алат), а ќе биде ангажирана и дополнителна механизација. 

Во програмата за развој на комуналните дејности во 2018 година плниравме набавка на механизација ( трактор и мулчер ) за чистење на крајпатната вегетација на сите општински патишта. Чисти и прегледни патишта се предуслов за безбедно одвивање на сообраќајот.“ – истакна градоначалникот Ногачески.