Информации во врска со данокот на имот како и начинот на кој можете да го извршите плаќањето
Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на имот.
Одговорно лице: Цвета Симеонова Филипоска
Телефон: +389(0)46286855
email: cvetasimeonova@yahoo.com
Работно време: 07.30-15.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
- Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок
- Изготвените решенија за данок на имот се подигаат
- На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
- Данок на имот се плаќа на недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање на данок според ЗДИ (Сл. весник на РМ 61/04);
- Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценител на општина Дебрца, според Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
- Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на имот;
- Решението за утврден данок на имот му се доставува на даночниот обврзник – лично или по пат на пошта.
Потребни документи:
- Даночна пријава за утврдување на данок на имот (законски пропишана форма);
- Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, договор за купопродажба и судска одлука);
- Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.
Сите потребни информации во врска со данок на имот може да се добијат на маил contact@debrca.gov.mk, телефонски +389(0)46286855 или лично во зградата на општина Дебрца во с.Белчишта.
Рокови за постапката:
Решението за висината на данокот на данокот на имот се донесува најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот (законски рок)
Документ/акт што граѓанинот го добива: