Општините го воспоставија Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по […]
Се уредуваат канали низ повеќе населени места во Општината

Денес екипите се на терен – посветено и одговорно, затоа што грижата за нашата општина не познава викенд. Се вршат активности за расчистување на каналите низ повеќе населени места, каде што со години наназад бујната вегетација го попречува протокот на водата и претставува потенцијален ризик за поплави и други проблеми. Работните тимови интензивно сечат, расчистуваат […]
Започнавме со уредување на банкините покрај локалните патишта

Денес започнавме со уредување на банкините кои со години претставуваа сериозна опасност за безбедноста во сообраќајот. Паралелно се работи и на проширување на коловозот, со што значително ќе се подобри прегледноста и протокот на возила. Оваа акција, која за прв пат се реализира по повеќе од 30 години, е уште еден чекор кон побезбедни и […]
ВКЛУЧИ СЕ– КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2026

Почитувани граѓани, Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2026 година. Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Посочете ги клучните […]
Целосно расчистување на дивата депонија во с. Грко Поле

Денес спроведуваме акција за отстранување на насип од над 300 m² отпад. Ова е само една од многуте локации што ги идентификувавме и влегува во нашиот план за чистење на сите диви депонии низ општината. Да бидеме одговорни – заедно! Како локална самоуправа инвестираме во почиста и уредна животна средина, но успехот е можен само […]
Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад

Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина.
Активности на терен за санирање на последиците од обилните врнежи

Градоначалникот на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следи состојбата на критичните точки низ општината. Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници. Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во […]
Започнаа активности за санирање на уличното осветлување

Во повеќе населени места започнавме со решавање на задоцнетиот проблем со уличното осветлување. Работите се одвиваат според план, а зависно од временските услови, продолжуваме со активности на терен. Нашата цел е до крајот на оваа недела целосно да ги надминеме сите забележани проблеми со осветлувањето и да обезбедиме безбедни и осветлени улици за сите жители […]
Остварена работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија)

Во текот на вчерашниот ден во Општина Дебрца остваривме значајна работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), г-дин Петер Лотар и г-дин Јоханес Пап. Со особено задоволство ја примивме нивната вредна донација – противпожарно возило што значително ќе го засили капацитетот на општината и волонтерската противпожарна служба во справување со пожари и кризнични […]
Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”. Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски.