с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

Даноци

Даноци

Данок на имот
Информации во врска со данокот на имот како и начинот на кој можете да го извршите плаќањето

Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на имот.
Одговорно лице: Цвета Симеонова Филипоска
Телефон: +389(0)46286855
email: cvetasimeonova@yahoo.com
Работно време: 07.30-15.30 часот

 

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок
  2. Изготвените решенија за данок на имот се подигаат
  3. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  4. Данок на имот се плаќа на недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање на данок според ЗДИ (Сл. весник на РМ 61/04);
  5. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценител на општина Дебрца, според Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
  6. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на имот;
  7. Решението за утврден данок на имот му се доставува на даночниот обврзник – лично или по пат на пошта.
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на имот (законски пропишана форма);
  2. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, договор за купопродажба и судска одлука);
  3. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

Сите потребни информации во врска со данок на имот може да се добијат на маил contact@debrca.gov.mk, телефонски +389(0)46286855 или лично во зградата на општина Дебрца во с.Белчишта.

 

Рокови за постапката:

Решението за висината на данокот на данокот на имот се донесува најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот (законски рок)

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврден данок на имот

Формулар:

Даночна пријава за утврдување данок на имот

Решение за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок
 
Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности, наследство и подарок.
Одговорно лице: Катерина Љаткоска
Телефон: +389(0)46286855
email: kejt_ok@yahoo.com
Работно време: 07.30-15.30 часот
 
 
Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси  приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Данок на наследство и подарок се плаќа на недвижен имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот кои наследниците, односно примателите на подароци ги наследуваат, односно примаат врз основа на Законот за наследување, односно договорот за подарок (втор и трет наследен ред);
  4. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на општина Дебрца по претходно потпишан пропишан образец кој е во прилог на даночната пријава и извршен увид на лице место;
  5. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на наследство и подарок;
  6. Решението за данок на наследство и подарок се подига во зградата на општината во с.Белчишта
  7. Против ова Решение може да се поднесе тужба во рок од 30 дена од денот на прием на Решението до Управниот суд на РСМ.
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок (законски пропишана форма);
  2. Договор за подарок (број на примероци наведени во договор или нотарски акт);
  3. Наследно (судско) решение во 3 примероци (1 оригинал и 2 фотокопии заверени кај нотар);
  4. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост);
  5. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

 

Рокови за постапката:

Најдоцна во рок од 1 месец ако со посебен пропис не е определен пократок рок.

Сите потребни информации во врска со данок на имот може да се добијат на маил contact@debrca.gov.mk, телефонски +389(0)46286855 или лично во зградата на општина Дебрца во с.Белчишта.

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок (втор и трет наследен ред)

 
 
Решение за утврдена даночна основа за данок на промет на недвижности

Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на имот.
Одговорно лице: Цвета Симеонова Филипоска
Телефон: +389(0)46286855
email: cvetasimeonova@yahoo.com
Работно време: 07.30-15.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на општина Дебрца по претходно потпишан пропишан образец во прилог на даночната пријава и извршен увид на лице место;
  4. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на промет на недвижности;
  5. Решението за данок на промет на недвижности се подига во зградата на општина Дебрца во с.Белчишта
  6. Против ова Решение може да се поднесе тужба во рок од 30 дена од денот на прием на Решението до Управниот суд на РСМ.
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности (законски пропишана форма);
  2. Договори за купопродажба( број на примероци наведени во договор или нотарски акт), одлуки на Суд и друг акт на пренесување на сопственост.
  3. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист);
  4. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.
Рокови за постапката:

Најдоцна во рок од 15 дена, ако со посебен пропис не е определен пократок рок.

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврдена  даночна основа за данок на промет на недвижности

 
Информации во врска со комуналната такса за фирма како и начинот на кој можете да го извршите плаќањето.
 

Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на имот.
Одговорно лице: Цвета Симеонова Филипоска
Телефон: +389(0)46286855
email: cvetasimeonova@yahoo.com
Работно време: 07.30-15.30 часот

 

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Барање за утврдувањe/промена на решение за комунална такса за фирма (линк).
  2. Уплата на административна такса:
    1. на лице место преку пос терминал или
    2. со приложување оригинален заверен образец ПП 50 (линк)
Потребни документи:
  1. Барање за утврдување и наплата на данок на комунална такса за фирма (линк);
  2. Уплата на административна такса:
    1. на лице место преку пос терминал или
    2. со приложување оригинален заверен образец ПП 50 (линк)
  3. Тековна состојба на правното лице издадена од ЦР РМ
  4. Решение за извршена промена издадено од ЦР РМ
  5. Полномошно