Увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“

Извршив увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“. На терен присуствуваа претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои разговаравме за динамиката и квалитетот на реализацијата. Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото. Во рамки на посетата го посетив […]
Целосно пробиени сите патни правци во општина Дебрца

Почитувани сограѓани на Општина Дебрца, сакам да Ве известам дека општината е целосно исчистена од снежната покривка што нè затекна изминатата ноќ. Уште од 3 часот наутро екипите беа на терен – подготвени, организирани и на нозе, како што доликува. На осојничавите и критични места е фрлена сол и ризла, за поголема безбедност на патиштата. […]
Завршен Базенот во с. Песочани

Завршен Базенот во с. Песочани, иако времето не нè послужи – ама кога се сака, сè се може. Ни дожд, ни студ, ни лошо време не нè сопре да го довршиме започнатото. Оваа година, Светиот Крст во Песочани ќе се фрла во новиот базен. Што сме ветиле – тоа и го правиме, зборот си е […]
Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд, денес повторно се интервенираше на критични места каде што имаше излевање на неколку речни корита. Од денес воспоставуваме дежурство 24/7 со целокупната механизација со која располагаме, со цел навремено да го заштитиме имотот и безбедноста на граѓаните од поплави и слични појави. Секаде каде што ќе се појави опасност, граѓаните […]
Се санираат штетите настанати од обилните врнежи на дожд

Вчера, заедно со екипите на ЈКП Дебрца и Општина Дебрца, бев на терен до доцните вечерни часови и лично ја следев состојбата на критичните локации. Поради обилните врнежи, беа детектирани повеќе точки кои претставуваа сериозна опасност од поплави и загрозување на имотот и безбедноста на граѓаните. Со навремена реакција и координиран ангажман, сите критични точки […]
Тампонирана улица во село Мешеишта

На дел од жителите во с. Мешеишта им обезбедивме полесен пристап до дома, со што конечно се надминува проблем кој со години наназад им го отежнуваше секојдневното движење, особено во врнежливи денови и во зимскиот период. Иако се работи за само двајца жители, за нас тоа не е „само бројка“, туку човечки потреби и достоинствен […]
Пробиен патот до црквата „Св. Атанасиј“ во с. Лешани

Пробиен е патот до црквата „Св. Атанасиј“ во с. Лешани со сопствена механизација на Општина Дебрца, овој пат беше долгогодишно барање на жителите на с. Лешани и значително ќе го олесни пристапот до црквата. Нашата цел е рационално и домаќинско управување со буџетските средства, со што директно се заштедуваат средства на граѓаните. Продолжуваме со посветена […]
Исчистена крајпатна вегетација и наноси од земја до с. Годивје, с. Врбјани и с. Лактиње

Исчистена крајпатна вегетација и наноси од земја. Извршено е чистење на крајпатната вегетација и отстранување на наноси од земја кои го отежнуваа движењето. Активностите се реализирани на патните правци: од автопат до с. Годивје, с. Врбјани и с. Лактиње Со ова се подобрува прегледноста и безбедноста во сообраќајот. Утре продолжуваме со активности во селата: Арбиново, Сливово, […]
Решен проблемот со фекалната канализација во с. Мешеишта.

Решен проблем со фекалната канализација во с. Мешеишта. Исчистена и санирана канализацијата под мостот. Отстранета е причината за непријатната миризба во изминатите денови. Утре ќе се санира и патот на овој дел. Дупките ќе бидат времено пополнети со тампон, со цел полесно и побезбедно движење на граѓаните. Во периодот што следи ќе продолжат активности, по […]
Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти. Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација на капитални и […]