Известување до жителите на Подмоље

ЈКП Дебрца ги известува жителите на Подмоље дека поради настанат дефект на главната водоводна мрежа на цевка со профил ф315 има прекин во водоснабдувањето. Екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот и се очекува во текот на денот нормализирање на водоснабдувањето. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение. ЈКП Дебрца
100 ДЕНА ОТЧЕТНО, ТРАНСПАРЕНТНО И ПОСВЕТЕНО ЗА ДЕБРЦА

Почитувани сограѓани, Во духот на отчетноста и транспарентноста, чувствувам обврска лично да Ве информирам за сè што е реализирано и започнато во првите 100 дена од мојот мандат во Општина Дебрца. Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати. Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот. Јас […]
9-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 9-та седница на Советот на општината Дебрца […]
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2026 за унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на општина Дебрца

Врз основа на член 48 став (4) од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 80/16,127/16,142/16,2/17,16/17, 11/18 и Сл.Весник на РСМ бр. 275/19,14/20,215/21 , 99/22,208/24,259/24,144/25,252/25 и266/25) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција […]
8-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 8-та седница на Советот на општината Дебрца […]
7-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 7-та седница на Советот на општината Дебрца […]
Василица по традиција одбележана во општината Дебрца

И Оваа година Василица по традиција беше одбележана во општината Дебрца, најсреќен меѓу нас беше Даниел Паункоски кај кого заврши паричката – знак на среќа, здравје и бериќет. Со тоа, тој го презеде кумството од поранешниот кум,а од целиот колектив доби пригодни подароци како знак на почит и чест. Му честитаме од срце и му […]
Известување до населени места Мешеишта и Климештани за распоред за подигање на комунален отпад во неработен ден 01.01.2026 година

ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Мешеишта и Климештани дека поради неработниот ден 01.01.2026 Четврток (Нова Година), комуналниот отпад ќе се подигне наредниот ден во Петок на 02.01.2026 година.
Известување до населени места Белчишта, Долно Средорече, Лешани, Велмеј, Требеништа и Волино за распоред за подигање на комунален отпад во неработни денови 06.01.2026г и 07.01.2026г (Бадник и Божиќ)

ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Белчишта, Долно Средорече, Лешани и Велмеј дека поради неработниот ден 06.01.2026 Вторник (Бадник), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 08.01.2026г. JП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Требеништа и Волино дека поради неработниот ден 07.01.2026 Среда (Божиќ), комуналниот отпад ќе се подигне во Петок на 09.01.2026г.
ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните дека Општина Дебрца на ден: 02.01.2026 и 05.01.2026 година нема да работи , поради спојување на верските празници. Работата со странки ќе продолжи на: 08.01.2026 година. Ви благодариме на разбирањето. Општина Дебрца Градоначалник, Златко Силјаноски