с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

Животна СрединаСоопштенијаНовости

Одржана Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Одржана Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

 Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање  во соработка со општинa Дебрца, се одржа јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

На расправата присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Како и Ѓоко Зороски од Здружението за еко туризам,,Еко туризам 2016 “, заедно со заинтересирани граѓани,стручна јавност и претставници на невладиниот сектор. Предлог-законот, неговото значење за заштита на природните вредности на Белчишкото Блато, како и можностите за одржлив развој на регионот преку еко-туризам и заштита на биодиверзитетот. Присутните имаа можност активно да се вклучат со свои предлози, мислења и забелешки.

Сите изнесени ставови и предлози ќе бидат разгледани и земени предвид во понатамошната постапка за донесување на законот, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе ги штити интересите на локалната заедница и природната средина.

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Организаторите се заблагодаруваат на сите учесници за нивното активно учество и придонес кон унапредување на процесот

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОПРОЕКТИПроектиПрес-КонференцииОГЛАСНА ТАБЛАОбјава/Повик/Конкурс
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА ДЕБРЦА: СЕКОЈ ДЕНАР НА ГРАЃАНИТЕ Е СИГУРЕН И СЕ ТРОШИ ЈАВНО!
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијаСедници на советпоследни новостиНовостиАКТУЕЛНООГЛАСНА ТАБЛАОбразование
16-та седница на Советот на општината Дебрца
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиЈКП “Дебрца”НовостиАКТУЕЛНОКомуналини ДејностиОГЛАСНА ТАБЛАОбјава/Повик/Конкурс
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 28.08.2026 година
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОКултураОГЛАСНА ТАБЛА
На покана на црковниот одбор Градоначалникот Сиљаноски присуствуваше на одбележувањето на празникот Св. Преображение во с. Сливово!
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОКултураПрес-КонференцииОГЛАСНА ТАБЛАОбраќањаОбраќање/Честитки
Горда Дебрца никогаш не заборава!