с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

СпортСоопштенијаНастаниНовостиОбразование

Општина Дебрца – горд домаќин на настан кој ги спојува традицијата, верата и младоста!

Општина Дебрца – горд домаќин на настан кој ги спојува традицијата, верата и младоста!

Општина Дебрца – горд домаќин на настан кој ги спојува традицијата, верата и младоста!
Во прекрасниот и духовен амбиент на манастирот „Св. Недела“ во селото Оровник, синоќа имавме чест да бидеме домаќини на еден навистина исклучителен настан. Се одржа свечена промоција и проекција на филмот „Приказна за една охридска свадба“, како и презентација на проектот „Светлина на верата“.
Овие значајни дела се реализирани од талентираните ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, под менторство на професорките Маја Цветанова Терзиоска и Андријана Паскали, а претставуваат успешен заеднички проект поддржан од Општина Дебрца и Општина Охрид. 🤝
✨ Филмот на прекрасен начин ја оживеа богатата традиција и обичаите на охридската свадба, додека проектот „Светлина на верата“ нè потсети на непроценливата духовна вредност на нашето православно наследство.
На наше огромно задоволство, свој благослов и присуство на настанот даде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, придружуван од потесниот круг на свештенството од Митрополијата. 🙏
На свеченоста присуствуваа и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, дел од администрацијата на Општина Охрид и Општина Дебрца, како и вие – нашите почитувани сограѓани од Дебрца кои дојдовте во навистина огромен број!
Вечерта беше збогатена со прекрасна културно-уметничка програма во која настапија културно-уметнички друштва од Охрид и Дебрца, млади уметници и музички ветерани. 🎶
Овој настан уште еднаш ја потврди важноста на вложувањето во младите и нивното активно вклучување во зачувувањето на нашите корени, преку проекти кои ги поврзуваат традицијата, образованието и современиот креативен израз.
Продолжуваме да ја негуваме нашата култура и традиција! 🇲🇰
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОПРОЕКТИПроектиПрес-КонференцииОГЛАСНА ТАБЛАОбјава/Повик/Конкурс
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА ДЕБРЦА: СЕКОЈ ДЕНАР НА ГРАЃАНИТЕ Е СИГУРЕН И СЕ ТРОШИ ЈАВНО!
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијаСедници на советпоследни новостиНовостиАКТУЕЛНООГЛАСНА ТАБЛАОбразование
16-та седница на Советот на општината Дебрца
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиЈКП “Дебрца”НовостиАКТУЕЛНОКомуналини ДејностиОГЛАСНА ТАБЛАОбјава/Повик/Конкурс
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 28.08.2026 година
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОКултураОГЛАСНА ТАБЛА
На покана на црковниот одбор Градоначалникот Сиљаноски присуствуваше на одбележувањето на празникот Св. Преображение во с. Сливово!
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОКултураПрес-КонференцииОГЛАСНА ТАБЛАОбраќањаОбраќање/Честитки
Горда Дебрца никогаш не заборава!