с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

СоопштенијаНовостиОбразование

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОПШТИНА ДЕБРЦА

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Општина Дебрца ја информира јавноста дека во врска со информациите објавени на интернет порталите, поврзани со наводна пријава против наставник од ООУ „Дебрца“, од страна на училиштето е доставено писмено известување до Општината.

 

Согласно доставеното известување од Општинското основно училиште „Дебрца“, училиштето постапило веднаш согласно законските прописи и интерните процедури и спровело внатрешна проверка на наводите.

 

Врз основа на резултатите од спроведената проверка, констатирано е дека наставникот постапил правилно и професионално во сите околности.

 

Воедно, Општина Дебрца Ве информира дека комуникацијата со медиуми е во исклучива надлежност на раководството на училиштето.

 

Општина Дебрца ја следи состојбата и постапува во рамки на своите законски надлежности. Истовремено, апелираме на одговорно информирање и почитување на процедурите, со цел заштита на учениците, наставниот кадар и угледот на училиштето.

 

Општина Дебрца останува посветена на транспарентност, законитост и обезбедување безбедна и квалитетна воспитно-образовна средина.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОПРОЕКТИПроектиПрес-КонференцииОГЛАСНА ТАБЛАОбјава/Повик/Конкурс
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА ДЕБРЦА: СЕКОЈ ДЕНАР НА ГРАЃАНИТЕ Е СИГУРЕН И СЕ ТРОШИ ЈАВНО!
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијаСедници на советпоследни новостиНовостиАКТУЕЛНООГЛАСНА ТАБЛАОбразование
16-та седница на Советот на општината Дебрца
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиЈКП “Дебрца”НовостиАКТУЕЛНОКомуналини ДејностиОГЛАСНА ТАБЛАОбјава/Повик/Конкурс
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 28.08.2026 година
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОКултураОГЛАСНА ТАБЛА
На покана на црковниот одбор Градоначалникот Сиљаноски присуствуваше на одбележувањето на празникот Св. Преображение во с. Сливово!
Соопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиНастаниНовостиАКТУЕЛНОКултураПрес-КонференцииОГЛАСНА ТАБЛАОбраќањаОбраќање/Честитки
Горда Дебрца никогаш не заборава!