НОВО ЛИЦЕ НА КОМУНАЛНАТА ХИГИЕНА ВО ДЕБРЦА!
Почитувани сограѓани, продолжуваме со темпото што го ветуваме – пристигна и второто целосно ново комунално возило!
Со ова засилување, ЈКП „Дебрца“ дефинитивно прераснува во сериозен, сигурен и ефикасен партнер на секој граѓанин.

Двете нови возила овозможуваат силна инфраструктурна поддршка што носи:
Побрза, редовна и поквалитетна услуга во секое населено место;
Максимална грижа за јавната хигиена и заштита на нашата преубава природа;
Целосно ресетирани стандарди за комуналните услуги во општина Дебрца.

Докажуваме со дела дека секој даден збор е обврска. Ова е комунална механизација каква што заслужуваат нашите села и нашите граѓани!
Продолжуваме заедно, рака под рака, за чисто и уредно секојдневие.