Повозрасните велат дека ништо не е случајно во животот — и денес, повеќе од кога било, верувам во тоа.
Токму на денот на Света Петка, овој божји храм посветен на неа конечно ќе добие светлина и вода. Ако во животот сум носел повеќе желби во срцето, една од најдлабоките и најважните ми беше токму оваа — да донесеме струја и вода тука, каде што се чува верата, мирот и спомените на нашите предци.

И оваа желба се исполни. Со многу љубов и со многу труд, денес положуваме 1.200 метри кабел за струја и водоводна цевка за снабдување со вода. За мене ова не е само работа — ова е благодарност, завет и грижа за нашиот дом и нашата Дебрца.

Остануваме посветени со исто темпо ќе продолжиме да ги уредуваме сите верски објекти во Дебрца.
За многу години нека ни е празникот Света Петка — со здравје, мир и благослов во секој дом!